Црква „Св. Илија“ - Раброво
Свети Илија — главна селска црква во валандовското село Раброво, Македонија.
Свети Илија
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′09″N 22°34′47.3″E / 41.31917° СГШ; 22.579806° ИГД |
Место | Раброво |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 2010 |
Завршено | 2013 |
Осветување | 13 октомври 2013 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна. Видлива е и од самиот регионален пат 1105, кој поминува до селото.
Историја
уредиКамен-темелникот за изградба на црквата бил поставен во 2010 година. Црквата била изградена за три и пол години. Била осветена од страна на митрополитот Агатангел на 13 октомври 2013 година.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата е осумаголна и на секоја од осумте страни има по една монофора. Влезната врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со мозаик на кој е претставен Свети Илија. На источниот ѕид има полукружна апсида, додека на јужниот ѕид има вградена трифора. Црквата е изградена од наизменични редови од камен и тули и е покриена со кров од ќерамиди.
Фрескоживопис
уредиВнатрешноста на црквата не е живописана.
Галерија
уреди-
Мозаик над влезот во црквата
-
Поглед на црквата
-
Куполата
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Осветување на црква во село Раброво“. Повардарска епархија. 15 октомври 2013. Посетено на 16 јули 2017.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Раброво на Ризницата ?