Џамија (Требиште)
џамија во селото Требиште
Џамија во Требиште — главна и единствена џамија во долнореканското село Требиште.[1] Џамијата се наоѓа во источниот дел од селото.
Џамија во Требиште | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°37′39.8″N 20°35′26.4″E / 41.627722° СГШ; 20.590667° ИГД | |
Место | Требиште |
Општина | Општина Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 2 |
Архитектура
уредиГрадбата на џамијата има правоаголна основа и е покриена со лимен кров со купола во среднишниот дел. На ѕидовите од џамијата има повеќе залачени прозорци распоредени во три реда, а залачени прозорци се среќаваат и на куполата. Особена одлика на џамијата е тоа што има две минариња со по три шерефиња.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 78. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Џамија (Требиште) на Ризницата ?