Црква „Св. Атанасиј“ - Бохула

црква во селото Бохула

Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Бохула.[1][2]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Ваташка
Местоположба

Карта

Координати 41°17′15.7″N 22°09′42.9″E / 41.287694° СГШ; 22.161917° ИГД / 41.287694; 22.161917
Место Бохула
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1879
Завршено 1879
Живопис 1879
Зограф Вангел, Никола и Коста Анастасов од Крушево
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Црквата е сместена во долниот дел на селото, под самото сретсело.

Историја уреди

Црквата е изградена и зографисана во 1879 година. Ова го пишува во натписот над јужната врата од внатре и кој гласи:[2]

„Ктитори и приложници Димко Иереа, Ризо Ното Неде Гоџобашија Стоја Атанаси Митруши Вангелович от село Терново Никола питроп Темелко мали големи из руку братија Ваггели Никола Костадини Атанасович зуграфа от село Крушево в лето 1879 декември 20“


Архитектура уреди

Црквата претставува трикорабна, со тремови од јужната и од западната страна. Внатре корабите се покриени со дрвени таваници и се обоени.[2]

Фрескоживопис уреди

Црквата е живописана во 1879 година, истата година кога е завршена, а царските двери кои се наоѓаат на иконостасот се изработени во копаница од 1870 година од непознат автор, а годината е запишана на левото крило во долниот дел. Имаат сличности со дверите во селската црква во Бунарче. На иконостасот има икони од XIX век, изработени од Петре Дебранец од село Тресонче.[2][3]

На јужниот ѕид е едноставната композиција „Страшниот суд“. Во просторот на прозорците се насликани „Св. Мина“, „Св. Сава“, „Св. Ѓорги Јанински“, „Св. Тодор“, „Св. Трифун“ со срп и „Св. Нестор“.[3]

Во главниот кораб се насликани четворицата евангелисти. На северниот ѕид се сместени: „Врачарката“, „Св. Илија“ на колосници, Христос пред Пилат, Ругање Христово, Распетие, Погребение Христово и Воскресение Христово. Во втората зона се композициите: Јуда се беси, Предавство Јудино и Тајната вечера.[3]

Во третата зона се неколку сцени: двајца светци примаат грозд од еден човек, Воскресение Лазарево и Влегување во Ерусалим.[3]

Во другите простории на прозорците се претставени Св. Теодор, Св. Варвара. Св. Екатерина, Св. Меркурија и уште еден неидентификуван светец. Исус Христос е насликан во проскомидијата а во олтарната апсида Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст, Св. Јован Богослов и Св. Кирил Александриски. Над овие архијереи е Богородица Ширшаја.[3]

Во нишата на ѓаконикот е насликан архиѓакон Стефан. На западниот ѕид е претставен Св. Игнатиј со два лава, Св. Зосим и Марија Еѓипќанка и Страданието на Св. пророк Исаија.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 21 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 21 јануари 2018.[мртва врска]

Надворешни врски уреди