Црква „Св. Димитриј“ - Кованец

црква во селото Кованец

Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Кованец. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри пред селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Негорци.

Свети Димитриј

Поглед на јужната страна на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Негорска
Местоположба

Карта

Координати 41°13′22.3″N 22°25′02.5″E / 41.222861° СГШ; 22.417361° ИГД / 41.222861; 22.417361
Место Кованец
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба околу 1860
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Историја

уреди

Црквата е изградена во 1860 година, а била обновена во 1907 година. Нејзин градител е познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни и обоени тавани во горните партии. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Влезната порта на црквата е сместена на јужната страна, а над неа има ниша со полукружна фреска на којашто е претставен ликот на Свети Димитриј и околу којашто е запишано името на светецот. На источната страна од црквата има полукружна апсида со правоаголен отвор во средишниот дел. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се издига над кровот.

Внатрешноста на црквата е зографисана, а фрескоживописот е од XIX век. Во текот на XIX биле изработени и иконите, како и царските двери. Иконостасот е изработен од дрво и делумно е украсен со убава резба. Царските двери се изработени од страна на мајстор од дружината на Андон Китанов.[1]

Во дворот на црквата се сместени и селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди