Козјак (Мариово)

средновисока планина во јужниот дел на Македонија
Ова е статија за планината во областа Мариово во Јужна Македонија. За планината во областа Козјачија во Северна Македонија, видете Козјак (Козјачија). За други значења на поимот „Козјак“, видете на појаснителната страница.

Козјак — средновисока планина која се наоѓа во областа Мариово во јужниот дел на Македонија. Се наоѓа меѓу планините Ниџе и Кожуф, издигнувајќи се од левата страна на Рожденска Река и Блаштица, а се протега од Црна Река на север во меридијански правец сѐ до македонско-грчката граница на југ.[1]

Козјак
Поглед на планината Козјак кај селото Витолиште
Највисока точка
Надм. вис.1823 м
Матичен врвБалтова Чука
Координати41°11′34″N 21°53′3″E / 41.19278° СГШ; 21.88417° ИГД / 41.19278; 21.88417
Географија
Козјак на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
ПокраинаMK
Планината во тиквешкиот дел

Поточно, таа се јавува како северно отклонување и огранка на целиот планински масив на Ниџе и Кожув и со своето протегање таа воедно ги дели прилепскиот и тиквешкиот (кавадаречкиот) дел на Мариово. Билото кое е голо и доста заоблено има меридијански правец на протегање од север кон југ, со највисок врв Балтова Чука (1.823 м).[1] Северно веднаш до него се наоѓа нешто понискиот врв Перум (1.807 м), додека на север е појасно издадениот врв Перун (1.703 м), а во северниот дел се исто така и врвовите Дуров Камен (1.569 м), Мешник (1.470 м) и Зелка (1.426 м), додека на самата граница со Грција е врвот Голем Козјак (1.814 м).[1]

Самата планина има поголема разгранетост кон запад каде се наоѓа гребенот Скрка со врвот Панделе висок 1.344 метри. Меѓу превоите најзначаен е Трибор (1.406 м) преку кој комуницираат прилепскиот и кавадаречкиот дел на Мариово.[1] Во тектонско-геолошки поглед претставува синклинала составена од гнајсеви, микашисти, со гранитоидни тела и мермери.[1] Планината изобилува со многу шума каде што особено многу е застапен црниот бор.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 63.

Надворешни врски

уреди