Црква „Св. Петка“ - Прдејци
Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Прдејци.
![]() ![]() Света Петка
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Негорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′23.9″N 22°30′01.2″E / 41.206639°N 22.500333°E |
Место | Прдејци |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | 1861 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во јужниот дел од селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1861 година, што е забележливо од натписот над влезната врата која се наоѓа на јужната страна на црквата, а нејзин градител бил познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани, при што средишниот кораб се извишува над двата странични кораба. Средишниот кораб е ишаран, во средината има квадратни полиња и на него е насликано македонското шеснаесеткрако сонце. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда на северниот и јужниот дел од наосот.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата, којашто во денешниот изглед на црквата е затворена.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е прилепена до северозападниот дел од црквата. Таа има четириаголна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Во горниот дел на секоја од нејзините четири страни има по една монофора.
Фрескоживопис
уредиВнатрешноста на црквата не е живописана.[1]
Икони и иконостас
уредиИконостасот се состои од икони распоредени во три реда. Царските двери се работени во резба од копаничар од дружината на Андон Китанов. Дел од иконите се изработени во 1862 година од страна на зографот Константин, а дел за кој има запис на долниот дел на јужната врата од страна на зографот Димо од Папрадиште.[1]
Галерија
уреди-
Апсидата на црквата
-
Селските гробишта во дворот на црквата
-
Историска фотографија на црквата
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата заедно со селските гробишта
-
Натпис над влезот
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Прдејци на Ризницата ?