Црква „Св. Богородица“ - Сенце

црква во селото Сенце
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Богородица
Црква „Св. Богородица“ - Сенце.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба
Координати 41°40′57.2″N 20°39′34.3″E / 41.682556° N; 20.659528° E / 41.682556; 20.659528Координати: 41°40′57.2″N 20°39′34.3″E / 41.682556° N; 20.659528° E / 41.682556; 20.659528
Населено место Сенце
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Богородица — главна селска црква во горнореканското село Сенце.[1] Црквата е сместена во источниот дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.

ИсторијаУреди

Црква во 2019 година била ограбена, при што од нејзе биле одземени неколку икони, сребрен крст и пари.[2]

АрхитектураУреди

Градбата на црквата има четириаголна основа со осумаголна апсида во задниот дел. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Главната влезна врата се наоѓа на северната страна и над неа има ниша со слика на Богородица со Исус изработена на мермер, додека на западната страна има споредна врата. Апсидата на црквата е украсена со по една ланцетна вдлабнатина на секоја од страните.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и гробни споменици. Камбанаријата е со примитивен изглед и се состои од метални столбови кои образуваат квадратна основа со лимен кров.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Петковска, Марија. "Ограбена црквата во гостиварско Сенце". 1-ва Скопска - МТМ Телевизија. Посетено на 2020-05-20.

Надворешни врскиУреди