Пиравска парохија
парохија на МПЦ-ОА
Пиравска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Гевгелиското архијерејско намесништво на Повардарската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Пирава. Парохијата ги опфаќа селата Јосифово, Пирава и Удово.[1]
Старешина на парохијата е отец Драги Дончевски (сос. 2016).
Цркви и манастири
уредиОва е список на црквите и манастирите во парохијата. Можно е списокот да не е целосен:
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Ѓорѓи“ (парохиска црква) |
Пирава | 1932 | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Јосифово | 1932 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Удово | 1993 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Пиравска парохија на Ризницата ?