Трница
Трница — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Волковија, Општина Маврово и Ростуше. Денес, во месноста се наоѓа обновениот мотел „Кораб Трница“, кој бил препознатлив по својот качамак, и споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај.
Трница | |
Поглед на новоизградените куќи во месноста Трница | |
Координати 41°42′42″N 20°41′17″E / 41.71167° СГШ; 20.68806° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горна Река |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.020 м |
Трница на општинската карта Атарот на Трница во рамките на општината | |
Трница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиТрница се наоѓа на самиот пат Маврово—Дебар, веднаш на левиот брег на Мавровска Река. Месноста (мотелот и споменикот на борците од НОБ и народниот херој од тој крај Живко Брајковски) е сместена во стрмен дол, подножје на планината Бистра. Од Трница се двои патот кон селата Беличица и Волковија. Месноста Трница е сместена на 1.020 метри надморска височина.
Денес, некогашното село влегува во атарот на Волковија.
Историја
уредиСелото се смета дека настанало од некои козари од Албанија. Претходно, во месноста постоел некој манастир, од кого може да се најдат некои рушевини.[2]
На крајот од XIX век, Трница било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Во минатото Трница била село населено исклучиво со Албанци (Качаци), кои често правеле зулуми и ограбувале коли и патници кои се движеле кон Дебар или Маврово. Поради честите грабежи и на блиските села Волковија и Беличица, жителите (Македонци) од двете села се собрале и ги истерале жителите на Трница.
За време на српската окупација на Македонија во 1913 година, во Трница била сместена српската жандармерија и биле изградени куќи за српските жандарми и учители.
Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.[2]
По Втората светска војна во Трница е изграден познатиот мотел „Трница“ и е подигнат споменик посветен на загинатите жители и партизани во масакрот во Беличица, како и на другите паднати борци за слободата на Македонија од овој крај.
Стопанство
уредиОваа месност е позната и по прочуеното трничко сирење, кое се произведувало во задругата „Габрово“ во погоните сместени во месноста викана „Торбешки мост“, оддалечена 18 километри од Трница.
Денес, мотелот и погоните за производство на млечни производи се обновени и повторно ставени во функција под брендот „Кораб Трница“.
Население
уредиСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Térnitza) имало 30 домаќинства со 94 православни Албанци.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трница имало 240 жители Албанци муслимани.[4]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[5]
- Црква „Св. Никола“ — црква подигната кон крајот на 1990-тите години, веднаш над мотелот
- Споменици
- Споменик посветен на загинатите во НОБ
- Биста на Живко Брајковски
Галерија
уреди-
Куќи во Трница
-
Црквата „Св. Никола“
-
Куќи во Трница
-
Обновениот мотел
-
Споменикот во Трница
-
Обновениот мотел
-
Дел од споменикот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 176-177.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.