ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Светозар Марковиќ“ (официјално: Основно општинско училиште „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане; скратено: ООУ „Светозар Марковиќ“) — централно основно училиште во селото Старо Нагоричане, едно од трите основни училиште во Општина Старо Нагоричане.[1]

Светозар Марковиќ
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Старо Нагоричане
Наречено по: Светозар Марковиќ
Нас. место: Старо Нагоричане
Адреса: с. Старо Нагоричане
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и српски
Контактни информации
Телефон 031/495-323
Факс 031/495-323

Училиштето е именувано по српскиот публицист, социјалист и политичар Светозар Марковиќ.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа на влезот во селото Старо Нагоричане.

Историја

уреди

Училиштето било изградено во 1924 година. Материјалот за изградба на училиштето го обезбедил кралот Александар Караѓорѓевиќ, како и мештаните на селото. Првите ученици во новата зграда биле запишани во 1924/1925 година. Во таа училишна година во училиштето учеле 192 ученици. Во периодот од 1931 до 1935 година, број на учениците се движел од 200 до 230 ученици. Во училишната 1964/1965 година училиштето добило нова зграда во која наставата се изведува и денес, а во таа училишна година во училиштето биле запишани 307 ученици. Денес ова е единствено училиште во Македонија во кое наставата целосно се изведува на српски јазик. Училиштето секоја година го прославува Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија Савинден како училишна слава.

Настава

уреди

Во основното училиште, наставата се изведува на македонски и српски јазик.[2]

Подрачни училишта

уреди

Во рамките на општинското основно училиште „Светозар Марковиќ“ се наоѓаат и две подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Старо Нагоричане. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Алгуња
  2. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Никуљане

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.
  2. „Во цела Македонија само 20 првачиња учат на српски јазик“. Вечер. 20 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-21. Посетено на 22 мај 2017.