Селемлиско Езеро
Селемлиско Езеро или Селемлија — вештачко езеро во непосредна близина на селото Селемли, на крајниот југоисток на Македонија, непосредно до границата со Грција. Езерото било создадено во текот на 1970-тите години за наводнување на околните насади со лозје.
Селемлиско Езеро | |
---|---|
Поглед на Селемлиското Езеро | |
Координати | 41°08′31″N 22°36′50″E / 41.14194° СГШ; 22.61389° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Селемлиска Река |
Главни истеци | Селемлиска Река |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 600 м км |
Најг. ширина | 400 м км |
Најг. длабочина | 10 м м |
Зафатнина | 840.000 м3[1] км3 |
Потекло на поимот
уредиЕзерото името го добило по селото Селемли, во чијашто непосредна близина се наоѓа.
Географија
уредиПо својата големина, Селемлиско Езеро спаѓа во групата на мали вештачки езера, при што неговата зафатнина изнесува 840.000 м3 вода.[1] Езерото има издолжен облик и се протега во правец север-југ. Неговата должина изнесува околу 600 метри, додека најголемата ширина изнесува околу 400 метри. Езерото има длабочина од 3 до 10 метри. Основен извор за полнење со вода е мала рекичка која извира во Егејска Македонија, но од неа езерото нема постојан прилив на вода, така што значаен извор се есенските и пролетните дождови. Нивото на водата во езерото е доста променливо, па во некои сушни години опаѓа и за повеќе од 3 метри.
Риби
уредиЕзерото располага со богат рибен фонд и е привлечно место за рекреација на спортските риболовци. Во минатото езерото било испразнувано и порибувано, така што во него денес се среќаваат следните видови риба: крап, караш, сончаница, црвеноперка, љињак, штука, сом и костреш.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Стратегија за климатски промени на Општина Богданци за периодот 2014-2020“ (PDF). Богданци: Општина Богданци. мај 2014. Посетено на 29 мај 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Селемлиско Езеро на Ризницата ?