Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ресава

црква во селото Ресава

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Ресава.[1][2]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°23′11.4″N 21°58′36.7″E / 41.386500° СГШ; 21.976861° ИГД / 41.386500; 21.976861
Место Ресава
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1840
Живопис 1881
Зограф Вангел, Никола и Коста Атанасови од Крушево
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Таа се наоѓа во самото село, сместена на главниот пат, кој води кон селото Бегниште.[3]

Историја

уреди
 
Ктиторскиот натпис на црквата

Црквата започнала да се гради во 1837 година.[4]

Црквата била подигната во 1840 година, што се дознава од записот испишан на амвонот:[2]

Соградисја 1840 храмова освештение сеп.6


Архитектура

уреди

Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со големи димензии и припрата на западната страна. Сводовите на трите кораби се покриени со дрвена таваница. Црквата има два влеза и тоа од северната и западната страна.[2]

Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.[3]

Фрескоживопис

уреди

Црквата имала и ран живопис со нејзината изградба, пред да биде насликана повторно.[4]

Целата површина на црквата е покриена со фрески. За зографисувањето на црквата се дознава дека е извршено на 6 јуни 1881 година, од натписот над северниот влез во црквата од внатрешната страна, каде што се вели дека зографи се браќата од Крушево: Вангел, Никола и Коста.[2][3]

На северниот ѕид во првата зона се насликани стоечки фигури во цел раст. Во втората зона се зографисани следните композиции: Каменувањето на Св. Стефан, Исцеление на слепиот, Преображение Христово и други. На јужниот ѕид нема фрески, бидејќи сѐ е варосано. Во втората зона се насликани композициите: Рождество на Св. Јован Претеча и Гозбата на царот Ирод.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 16 февруари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 16 февруари 2018.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 429-434. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

уреди