Црква „Св. Пантелејмон“ - Ума
Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сретсело, при што доминира во селото.
Свети Пантелејмон
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Втора гевгелиска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°09′09.57″N 22°19′38.72″E / 41.1526583° СГШ; 22.3274222° ИГД |
Место | Ума |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Пантелејмон |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.[1]
Историја
уредиЦрквата е изградена во XIX век.[1]
Градба
уредиНа градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.[1]
Фрескоживопис
уредиЦрквата располага со богат фрескоживопис, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено.[1]
Фрескоживописот исто така потекнува од периодот на изградба на црквата во XIX век.[1]
Галерија
уреди-
Камбанаријата на црквата
-
Влезот на црквата
- Внатрешноста на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Профил на Општина Гевгелија“ (PDF). Општина Гевгелија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-28. Посетено на 1 јули 2017.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Пантелејмон“ - Ума на Ризницата ?