Кованец

село во Општина Гевгелија

Кованец или Кованци — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Кованец
Кованци

Влез во селото Кованец

Кованец во рамките на Македонија
Кованец
Местоположба на Кованец во Македонија
Кованец на карта

Карта

Координати 41°13′32″N 22°24′47″E / 41.22556° СГШ; 22.41306° ИГД / 41.22556; 22.41306Координати: 41°13′32″N 22°24′47″E / 41.22556° СГШ; 22.41306° ИГД / 41.22556; 22.41306
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 149 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06010
Надм. вис. 290 м
Кованец на општинската карта

Атарот на Кованец во рамките на општината
Кованец на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на дел од селото Кованец

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во подножјето на планината Кожуф.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 290 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 17 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,6 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.617 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 120 хектари, а на пасиштата само 0,5 хектари.[2]

До селото води асфалтен пат преку селото Негорци од кое е оддалечено 8 километри. Низ Кованец протекува малата Кованска Река, која е десна притока на реката Вардар и која често пресушува во текот на летото.

Историја уреди

Подрачјето на Кованец е населено уште од железното време, за што сведочат наоѓалиштата Гроздени Дупки и Манастир Св. Атанас на 3 км западно од селото.[3]

Во XIX век, Кованец било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Стопанство уреди

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948271—    
1953315+16.2%
1961298−5.4%
1971246−17.4%
1981242−1.6%
ГодинаНас.±%
1991231−4.5%
1994212−8.2%
2002177−16.5%
2021149−15.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кованец имало 200 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кованец имало 208 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Кованец е мало село, коешто во 1961 година броело 258 жители, а во 1994 година 212 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кованец имало 177 жители, од кои 176 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 149 жители, од кои 145 Македонци и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 208 271 315 298 246 242 231 212 177 149
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Кованец се наоѓале и селата Негорци, Прдејци, Серменин и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 359 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 144 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[18]
Археолошки наоѓалишта[3]
Реки[19]

Личности уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 26 мај 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 108-109. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 мај 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ООУ „Ристо Шуклев". македонски: ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. Посетено на 6 јули 2017.
  15. „Пуштено во употреба реновираното подрачно училиште во гевгелиското село Кованец“. Влада на Македонија. 28 јануари 2016. Посетено на 6 јули 2017.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски уреди