Бошавски манастир
Бошавскиот манастир (познат и како Бошавички манастир) — манастир во селото Долна Бошава, сместен по течението на реката Бошава, во срцето на истоимената етногеографска област. Манастирот има една црква - „Св. Архангел Михаил“.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Долна Бошава |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Архангел Михаил |
Епархија | Повардарска |
Цркви | Црква „Св. Архангел Михаил“ |
Личности | |
Место | |
Место | с. Долна Бошава, Општина Кавадарци Македонија |
Координати | 41°18′16.98″N 22°6′27.03″E / 41.3047167° СГШ; 22.1075083° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Ваташка парохија) |
Историја
уредиМанастирската црква и манастирските конаци биле подигнати во 1839 година. Овој податок се наоѓа над северниот влез во црквата од надворешната страна врежан врз камена плоча.
Архитектура
уредиГрадба
уредиМанастирската црква е трокорабна со два реда колони што формираат три кораби. Во горните делови на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорците што ја осветлуваат внатрешноста на црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, од кои страничните се пониски од средниот кораб. Постојат два влеза на црквата, еден од северната, а друг од западната страна. Манастирската црква има отворен трем откај западната и мал дел од северната страна.
Фрескоживопис
уредиЖивописот во црквата потекнува од 1880 година, за кој има натпис кој се наоѓа над истиот влез само од внатрешната страна. Во натписот се вели дека зографи биле браќата Коста, Никола и Вангел со синот Наки од Крушево, во годината 1880, месец јули.
Галерија
уреди-
Влезот во манастирот
-
Поглед на манастирот
-
Помошни објекти во манастирот
-
Манастирска чешма
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Бошавски манастир на Ризницата ?