Црква „Св. Климент Охридски“ - Стојаково

католичка црква во селото Стојаково

Црквата „Св. Климент Охридски“ — католичка црква во богданското село Стојаково.[1] Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.

Свети Климент Охридски
Црква
„Св. Климент Охридски“
Поглед кон црквата
Карта
41°09′24.8″N 22°34′39.9″E / 41.156889° СГШ; 22.577750° ИГД / 41.156889; 22.577750
МестоСтојаково
ЗемјаМакедонија
ВероисповедКатолицизам
Управа
ЕпархијаАпостолски егзархат

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа. Ѕидовите се малтерисани и обоени во бела боја, додека рабовите на аглите се истакнати и обоени во жолта боја. Главниот влез е сместен на западната страна, а на ѕидот над него има монофора. Камбанаријата е со четириаголна основа и се издига на кровот над главниот влез. Нејзината конструкција содржи четири столба обоени во жолта боја, а делот што е сместен над покривната конструкција на црквата е изграден од тули, при што на секоја од четирити страни има по една монофора. Црквата и камбанаријата се покриени со ќерамиди.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 90. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди