Спомен-куќа на Страшо Пинџур
Спомен-куќа на Страшо Пинџур — спомен-куќа во селото Ваташа, роден дом на народниот херој Страшо Пинџур. Оваа спомен-куќа е прогласена за споменик на културата и е заштитена со закон.[1]
Поглед на спомен-куќата | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1958 |
---|---|
Место | Ваташа, Македонија |
Координати | 41°25′01″N 22°01′08″E / 41.4169° СГШ; 22.0188° ИГД |
Тип | спомен-куќа |
Историја
уредиКуќата станала музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно обновена и за време на Денот на ослободувањето на градот Кавадарци (7 септември), свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј, во која е сместена и историска поставка за животот и делото на Страшо Пинџур.[1]
Со финансиски средства на Општина Кавадарци и на Министерството за култура, спомен-куќата во текот на 2014 година била целосно обновена, при тоа почитувајќи го автентичниот изглед на истата. Проектот за обнова на куќата бил изготвен од архитектката Гордана Белевска-Мустафа.[1]
Галерија
уреди-
Плоча на спомен-куќата
-
Биста пред родната куќа на херојот Страшо Пинџур
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Канческа-Милевска во посета на Спомен куќата на Страшо Пинџур“. Република. 1 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2018-01-04. Посетено на 10 март 2017.
Надворешни врски
уреди- Спомен-куќа на Страшо Пинџур на Ризницата ?