Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравци
Свети Константин и Елена — главна селска црква во гевгелиското село Миравци. Црквата се наоѓа во горниот дел на селото, недалеку од патот кој води кон селата Петрово и Габрово. Капелата, кујната и трпезаријата се одвоени од црквата и се сместени на влезот на селото, во непосредна близина на селските гробишта.
Свети Константин и Елена
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°18′21.8″N 22°25′57.2″E / 41.306056° СГШ; 22.432556° ИГД |
Место | Миравци |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Константин и Елена |
Изградба | 1860, 1893, 1990 |
Изгорена | 1892, 1989 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1860 година.[1] Во 1892 година, првобитната градба била опожарена, но набргу била обновена во 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов. Во 1989 година, црквата била повторно опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои не биле зафатени. Храмот бил повторно обновен во 1990 година.[2]
Во периодот од 2009 до 2013 се изградени кујна и купола, кои се одвоени од дворот на црквата и се наоѓаат на влезот од селото, во непосредна близина на селските гробишта. Според натписната плоча поставена на еден од ѕидовите на овие објекти, тие биле изградени со блаослов и донација на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов, како и со донации од месното население на селото Миравци.
Архитектура
уредиЦрква
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со тавани и и полукружна олтарна апсида на источниот ѕид. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест четириаголни столбови во два реда. На јужната и западната страна е изграден нов отворен трем. По второто опожарување на храмот, внатрешните ѕидови не биле заографисани, со исклучок на внатрешната страна на олтарната апсида која делумно е покриена со нови фрески. Иконостасот исто така е изработен по последното обновување на црквата во 1990 година.[2] Во дворот на црквата се наоѓа и камбанаријата која има осумаголна основа.
Кујна и капела
уредиГрадбата на кујната има правоаголна основа, а во нејзино продолжение е сместена градбата на капелата која има квадратна основа и претставува крсто-куполна градба со осумаголна купола која се издига над средишниот дел од нејзиниот кров. Двата објекта се обоени во бела боја и се покриени со ќерамиди.
Галерија
уреди- Црква
-
Влезна врата од дворот на црквата
-
Влезна врата од црквата
-
Фреска на Свети Константин и Елена
-
Апсидата на источната страна на црквата
- Кујна и капела
-
Кујната и капелата
-
Кујната
-
Капелата
-
Внатрешноста на капелата
-
Натписна плоча на еден од ѕидовите
-
Поглед на капелата и кујната
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lalić, Sredoje (1982). Arhivski fondovi i zbirke u arhivima i arhivskim odeljenjima u SFRJ: . SR Makedonija. Savez društava arhivskih radnika Jugoslavije.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви во Миравската парохија“. Повардарска епархија.
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравци“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на црквата Архивирано на 1 февруари 2011 г.