Сланска Река
река во Македонија
Оваа статија се однесува на река во Порече. За истоимената река во Костурско, погл. Дреновска Река (Егејска Македонија).
Сланска Река (во горниот тек позната како Дреновска Река) — река која извира на северните падини на Бушева Планина, на надморска височина од 1.300 метри. Поминува низ селото Дреново, каде што е позната и како Дреновска Река, а потоа и покрај селото Сланско, за на крајот да се влие во реката Треска, на надморска височина од 650 метри.[2]
Сланска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Македонски Брод |
Села | Дреново, Сланско |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бушева Планина |
• надм. вис. | 1.300 м |
Устие | |
• место | Треска кај Македонски Брод |
• координати | 41°29′52″N 21°13′56″E / 41.49778° СГШ; 21.23222° ИГД |
• надм. вис. | 650 м |
Должина | 10,2 км |
Големина на сливот | 36,45 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Треска → Вардар → Егејско Море |
Реката е долга 10,2 километри и претставува десна притока на Треска.[2]
Галерија
уреди-
Реката во горниот тек кај Дреново, каде се нарекува Дреновска Река
-
Реката во близина на Дреново
-
Сланска Река во близина на селото Сланско
-
Долното течение на Сланска Река под селото Сланско
-
Средното течение на реката помеѓу селата Дреново и Сланско
-
Соѕиданиот солен извор Соленица крај течението на реката
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 66. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 Димитровска, Олгица (2012). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија. стр. 41–42.
Надворешни врски
уреди- Сланска Река на Ризницата ?