Црква „Св. Никола Летен“ - Маврово

црква во селото Маврово
Ова е статија за старата мавровска црква. За други значења видете на појаснителната страница

Црква „Св. Никола Летен“ — Маврово — поранешна главна селска црква на селото Маврово, а која денес главно е потопена од водите на Мавровското Езеро.

Свети Никола Летен

Поглед кон црквата целосно под вода

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба

Карта

Место Маврово
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1850
Живопис 1855
Зограф Дичо Зограф
Архитектонски опис

Била изградена во 1850 година. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Сепак, во поново време, со периодите на суши, црквата се наоѓа на суво и може да се посети.[1]

Иако главно е потопена во водите не езерото, црквата сè уште го има зачувано својот изглед. Самата градба и камбанаријата уште постојат, иако внатрешноста е главно уништена, а покривот е целосно паднат.

Црквата се нашла на врвот на списокот на напуштени цркви во светот од страна на списанието „Хафингтон пост“.[2][3]

Историја уреди

Градба уреди

Црквата била изградена од реканските мајстори во 1850 година. Во 1857 година била завршена, а се градела со мермер и гранит, имала мермерен олтар, вреден иконостас и икони од големиот мајстор Дичо Зограф.[1] Самите жители на селото Маврово имаат изјавено дека во изградбата се користел најквалитетниот камен и била изведена посебна техника т.н. „заб на заб“.[3]

Била изградена како трикорабна црква со петстрана апсида, кула камбанарија и иконостас.[4]

Фрескоживопис уреди

Престолните икони биле насликани во 1855 година од видниот мајстор Дичо Зограф.[5][6] Подоцна на црквата работел и дебарскиот мајстор Мелетиј Божинов.

Потопување уреди

Кон крајот на 1952 година, кога започнало да се создава Мавровското Езеро, иконите и другите црковни предмети биле пренесени во малата црква што се наоѓа наспроти потопената. При потопувањето бил заборавен дрвениот иконостас и иконите што ги изработил познатиот мијачки зограф, Дичо Зограф, како и книги и други црковни предмети. Сепак, подоцна биле извадени и конзервирани.

Црквата била потопена од езерото во 1953 година, но денес кога езерото е со намален капацитет (во летниот период), црквата е на суво и може дури и да се посети.

Нова црква уреди

Во средината на 1990-тите години на XX век, во Маврово започнала да се гради новата црква „Св. Никола“, завршена во 2006 година.[7]

Пред да се изгради новата црква, имало идеја од страна на митрополитот Кирил, црквата целосно да се демонтира и да се постави над нивото на водата, но сепак се откажал од идејата и наместо тоа била изградена новата црква.[1]

План уреди

Во изминатиов период повеќепати имало иницијатива за преместување на црквата или да остане на истата и да служи за намената. Бил претставен и проект за обнова и адаптација во современ културен центар од страна на фирмата „Театрикс“. Проектот предвидува околу црквата да се развива камена обвивка во две варијанти. Во првиот предложен модел, камената обвивка е скулптурно обликувана со стаклени продори, кои го задржуваат допирот со водата и отвораат визури кон околината. Во втората варијанта предвидена е камена обвивка, која е обликувана во вид на систем за подвижни ѕидови, кои во зависност од водостојот се регулираат по височина.[1]

Галерија уреди

Внатрешност
Надворешност

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Поповска, Невена (22 јуни 2014). „Потопената црква „Св. Никола" во Маврово е проколната убавина“. Република. Република. Архивирано од изворникот на 2014-06-28. Посетено на 10 март 2016.
  2. Хафиз, Јасмин (22 септември 2013). „Abandoned Churches Are Eerily Beautiful (PHOTOS)“. Хафингтон пост (англиски). ХПМГ Њус. Посетено на 10 март 2016.
  3. 3,0 3,1 „Потопената црква му одолева на времето“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 24 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2017-04-05. Посетено на 10 март 2016.
  4. „И животните вљубени во црквата „Св. Никола" во Маврово (ФОТОГАЛЕРИЈА)“. мкд.мк. мкд.мк. 16 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2017-04-05. Посетено на 10 март 2016. Text "МКД.мк" ignored (help)
  5. „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. Списание Премин. МПЦ-ОА. 10 октомври 2008. Посетено на 10 март 2016.
  6. „Дичо Зограф - еден од најистакнатите македонски зографи“. Списание Премин. МПЦ-ОА. Посетено на 10 март 2016.
  7. „Осветена црквата „Св. Никола" во Маврово“. Повардарска епархија. 2008. Посетено на 2011-11-20.

Надворешни врски уреди

41°39′26″N 20°44′07″E / 41.65722° СГШ; 20.73528° ИГД / 41.65722; 20.73528