Конска Река

река во Македонија

Конска Река, се среќава и како Коњска Река, Сува Река или Црешарека во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар. Таа е последната поголема притока на Вардар во Македонија.

Конска Река
Коњска Река
Цреша
Поглед на реката од мостот при влезот на селото Моин
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоКожуф (од Кичи Кај)
 • надм. вис.1520 м
Устие 
 • место
Вардар (кај Гевгелија)
 • координати
41°08′33.5″N 22°31′37.2″E / 41.142639° СГШ; 22.527000° ИГД / 41.142639; 22.527000
 • надм. вис.
44 м
Должина30 км
Големина на сливот180 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море

Течение

уреди

Конска Река извира од месноста Кичи Кај на планината Кожуф, на надморска височина од 1520 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Конско, Ново Конско, Моин, како и јужно од градот Гевгелија. Се влева во Вардар од нејзината десна страна, во близина на Гевгелија, на надморска височина од 44 м.[1][2]

Хидрографија

уреди

Вкупната должина на реката изнесува 30 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 180 км2 и истото припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1520 м, а се влева на височина од 44 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1476 м, а просечниот релативен пад 49‰.[2] Средниот годишен проток на реката изнесува 0,62 м3/сек.[3]

На реката се наоѓа вештачкото Конско Езеро.

Стопанство

уреди

Можностите за искористување на водите од Конска Река биле разгледувани уште во 1973 година, кога бил изработен идеен проект во кој биле одредени и анализирани неколку алтернативни решенија за користење на речните води заради обезбедување на бараното количество вода со најниски трошоци и најмало влијание врз животната средина. Со проектот било предвидено и изградба на брана на околу 20 км од вливот на реката во Вардар.[4] Предлогот за изградба на брана и хидроелектрана бил повторно актуализиран во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, во којашто бил предвиден проект за изградба на ХЕЦ „Конска Река“ со моќност од 278 kW и планирано годишно производство од 1,1 милиони kW/h, како и проект за изградба на ХМС „Конска Брана“ со зафатнина од 20.000.000 м3.[5][6] Во 2014 година била изработена студија за оценка на влијанието од изградбата на браната „Конско“ врз животната средина.[7]

Галерија

уреди
Реката од мостот кој води до селото Ума

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение" за период 2011-2011“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 27 мај 2017.
  3. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 65. Посетено на 27 мај 2017.
  4. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 75. Посетено на 27 мај 2017.
  5. „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 58. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-30. Посетено на 29 мај 2017.
  6. „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 100. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-30. Посетено на 29 мај 2017.
  7. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 5. Посетено на 27 мај 2017.

Надворешни врски

уреди