Кованска Река
Кованска Река — река во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар.
Кованска Река | |
---|---|
Поглед на реката од патот кон селото Кованец | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Кожуф (од Флора) |
• надм. вис. | 1700 м |
Устие | |
• место | Вардар (кај Прдејци) |
• координати | 41°13′08.0″N 22°30′14.7″E / 41.218889° СГШ; 22.504083° ИГД |
• надм. вис. | 53 м |
Должина | 24 км |
Големина на сливот | 62 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар → Егејско Море |
Течение
уредиКованска Река извира од месноста Флора на планината Кожуф, на надморска височина од 1.700 м. Ја одминува месноста Брлово, примајќи ја Брловска Река, па продолжува по падините на Кожуф најпрвин во правец југозапад-североисток, а потоа кај месноста Високи Камен свртува и продолжува во правец северозапад - југоисток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Кованец и Прдејци, а во Вардар се влева од нејзината десна страна, во близина на селото Прдејци, на надморска височина од 53 м.[1][2]
Хидрографија
уредиВкупната должина на реката изнесува 24 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 62 км2 и истото припаѓа на Егејскиот слив. Реката извира на надморска височина од 1700 м, а се влева на височина од 53 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1647 м, а просечниот релативен пад 69 ‰.[2]
Стопанство
уредиВо Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, како долгорочно решение за трајно решавање на проблемот на Општина Гевгелија била педложена изградба на брана на Кованска Река, сместена под селото Кованец, на надморска височина од 149 м, со зафатнина од 14.400.000 м3.[3]
Галерија
уреди- Реката од патот кој води до селото Кованец
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение" за период 2011-2011“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 27 мај 2017.
- ↑ „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 45. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-30. Посетено на 29 мај 2017.
Надворешни врски
уреди- Кованска Река на Ризницата ?