Црква „Св. Архангел Михаил“ - Моин

црква во селото Моин

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во гевгелиското село Моин.

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Втора гевгелиска
Местоположба

Карта

Координати 41°07′55.9″N 22°26′58.5″E / 41.132194°N 22.449583°E / 41.132194; 22.449583
Место Моин
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба прва половина на XX век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Моин.

Историја

уреди

Во време на македонската преродба во XIX век, во селото имало три цркви, и тоа: патријаршиска, егзархиска и римокатоличка. Но, за време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, сите овие цркви биле разрушени. Мештаните изградиле нова црква, која делумно била разурната во време на Втората светска војна, а била обновена и доградена во 1963 година.[1]

Архитектура

уреди

Црквата претставува еднокорабна градба со рамен варосан таван, припрата, но без апсида.[1]

Икони и иконостас

уреди

Во нејзината внатрешност, иконостасот е мал и бил изработен од гевгелискиот столар Ристо Попов, чие име се споменува на запис на самиот иконостас од 30 декември 1968 година.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди