Црква „Св. Ѓорѓи“ - Жегљане

црква во селото Жегљане

Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Жегљане.[1] Црквата е сместена во главниот дел на раштрканото село Жегљане, во непосредна близина на старото основно училиште. Во нејзиниот двор се наоѓаат и самите селски гробишта.

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Местоположба

Карта

Координати 42°15′58.47″N 21°54′05.91″E / 42.2662417° СГШ; 21.9016417° ИГД / 42.2662417; 21.9016417
Место Жегљане
Општина Старо Нагоричане
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1867
Архитектонски опис

Црквата, заедно со нејзината внатрешноста, е во многу лоша состојба.

Историја

уреди

Според авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1867 година. Поради средишната положба на селото Жегљане, во отоманскиот период, црквата била посетувана од жителите на околните села.[2]

Сепак, според историчарот на уметност Милева Лазова, црквата е изградена во текот на XVII век и се смета за поствизантиска градба, која поседува исклучителна богата украсна градба.[3]

Фрески

уреди

Двокатниот иконостас во црквата е од 1874 година и е дело на двајца зографи. Четири од престолните икони — на Св. Ѓорѓи Победоносец, Богородица со Христос, Исус Христос и Св. Јован Претеча се дело на зографот Никола Михајлов. Останатите икони во иконостасот — јужната и северната врата, царските двери, 12. икони на апостоли и средишната икона на Возкресението Христово, на која што е потпишан авторот, се дело на зографот Вено Костов од Лазарополе во 1877 година.[4]

Фреските и внатрешноста

Галерија

уреди
Украси на фасадата
Надворешноста на црквата

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
  3. Лазова, Милева (21 декември 2007). „Средновековното Жеглигово пребогато со Божји храмови“ (PDF). Македонско Сонце. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 16 април 2017.
  4. Николовски, Дарко. „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“. Отсутно или празно |url= (help)

Надворешни врски

уреди