Трнички манастир
манастир во Македонија
Трнички манастир — манастир во историското село Трница, во западниот дел на Македонија, на падините на планината Кораб. Посветен е на Свети Никола Летен.
Манастирската црква | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Трнички манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Никола“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 2012 |
Посветен на | Свети Никола |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Цркви | Црква „Св. Никола“ |
Личности | |
Место | |
Место | Трница, Општина Маврово и Ростуше Македонија |
Координати | 41°42′35″N 20°41′12.3″E / 41.70972° СГШ; 20.686750° ИГД |
Видливи остатоци | црква |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Мавровска парохија) |
Историја
уредиМанастирот е основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1995 година и завршила во 2012 година, а била осветена на 20 мај 2012 година.[1] Патронот се прославува на 22 мај, денот на Свети Никола Летен.
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегува само манастирската црква.
Црква „Св. Никола“
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида во задниот дел. Таа се состои од два дела, од кои едниот го опфаќа просторот пред влезот во објектот, а другиот главниот простор на црквата.
Галерија
уреди-
Предната страна на манастирската црква
-
Архитектурни одлики на манастирската црква
Наводи
уреди- ↑ „Осветена црквата во Трница“. Дневник. 20 мај 2012, 16:41. Архивирано од изворникот на 2012-05-21. Посетено на 21 мај 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)