Спомен-костурница (Горни Манастирец)
41°37′33″N 21°11′33″E / 41.62583° СГШ; 21.19250° ИГД
Спомен-костурница во Горни Манастирец — спомен-костурница во поречкотото село Горни Манастирец. Објектот е сместен на патот кон Поречкиот манастир.
Спомен-костурницата е подигната во чест на закланите жители од околните села, масакр извршен од страна на бугарската војска на Бадник, 6 јануари 1912 година.
Историја
уредиПо повлекувањето на Србите, за време на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија во која почнале да организираат казнена експедиција под водство на потполковникот Констатин Панов. Се воделе т.н. црни списоци на видни луѓе, сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, војводи и четници. Биле уапсени 205 лица од овој список. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а половината завршиле на Дервишка Нива.
Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените. Сите жртви се од Поречието, најмногу - 22 се од с. Здуње, 11 од Лупште, 9 од Томино Село, по 8 од Долни Манастирец и Зркле. Поречани подоцна им подигнале костурница во близина на манастирот.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
Надворешни врски
уреди- Спомен-костурница (Горни Манастирец) на Ризницата ?