Бродечки манастир
Бродечки манастир — манастир во областа Горна Река, во западниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на Ничпурска Планина, односно спојот на Шар Планина и Кораб. Од селото Бродец е оддалечен околу 3 км. Посветен е на Света Петка.[1]
![]() Влезната порта од манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Бродечки манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Петка“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 2015 |
Посветен на | Света Петка |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Цркви | Црква „Св. Петка“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Бродец, Општина Гостивар ![]() |
Координати | 41°45′20″N 20°40′20″E / 41.75556° СГШ; 20.67222° ИГДКоординати: 41°45′20″N 20°40′20″E / 41.75556° СГШ; 20.67222° ИГД |
Видливи остатоци | црква, параклис |
Отворен за јавност | да |
Други информации | (Мавровска парохија) |
ИсторијаУреди
Местото на коешто е изграден манастирот се наоѓа во непосредна близина на извори на лековита вода, каде што во 1960-тите години била изградена импровизирана чешма. Изградбата на манастирот започнала во 2012 година со добротвотни прилози на луѓе кои потекнуваат од крајот и од претпријатија. Манастирот бил завршен во 2015 година и осветен од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана во август истата година.[1]
ГрадбиУреди
Во склоп на манастирот влегуваат црква и параклис. Параклисот всушност претставува молитвен олтар кој се состои од чешмата од која се верува дека тече лековита вода и икона на Света Петка поставена над чешмата. Во непосредна близина на манастирот, покрај патот кој води до него, има уште една чешма.
Црква „Св. Петка“Уреди
Црквата се наоѓа во средишниот дел на манастирот. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана.
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Никна манастир во близина на лековитите води во Бродец Архивирано на 11 август 2015 г.“. Вечер. 7 август 2015.
Надворешни врскиУреди
- Бродечки манастир на Ризницата ?