Црква „Св. Недела“ - Стојаково

црква во селото Стојаково

Света Недела — главна селска црква во богданското село Стојаково, а воедно и парохиска црква на Стојаковската парохија.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото.

Света Недела

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Стојаковска
Местоположба

Карта

Координати 41°09′27.5″N 22°34′35.7″E / 41.157639° СГШ; 22.576583° ИГД / 41.157639; 22.576583
Место Стојаково
Општина Богданци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба околу 1860
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Историја

уреди

Црквата е изградена е околу 1860 година, но за време на Првата светска војна била разурната, со исклучок на олтарната апсида. Познато е дека пред разурнувањето, црквата била живописана, што може да се забележи од остатокот на фреска во внатрешноста на олтарната апсида, каде што е насликана Богородица со Христос. Храмот бил обновен и го добил денешниот облик во периодот од 1920 до 1924 година.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови во два реда. Влезната врата од црквата е сместена на јужната страна и над неа има мозаик со ликот на Света Недела. Во наосот на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител. Градбата на источната страна завршува со полукружна олтарна апсида, а кон западната и јужната страна е доградена припрата со крстилница и балкон. Иконостасот во внатрешноста на црквата е изработен во 1934 година од зограф од мијачка дружина со потекло од Галичник. Меѓу иконите во црквата има и такви кои се од XVIII и XIX век. Ѕидовите во наосот не се живописани, но во олтарната апсида, која останала неразурната за време на Првата светска војна, се забележува остаток од стар фрескоживопис, но фреската е оштетена.[2]

Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и две камбанарии. Првата камбанаријата е сместена непосредно од левата страна по влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по три вертикално поставени монофори. Втората камбанарија се издига над кровот со кој е покриена припратата во западниот дел од црквата. Таа исто така има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по неколку вертикално поставени монофори.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.