Валандовска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА
Валандовска парохија — православна парохија на МПЦ-ОА и е под јурисдикција на Гевгелиското архијерејско намесништво во Повардарската епархија. Неа ја сочинуваат повеќе населени места: градот Валандово и селата Раброво, Брајковци, Балинци, Марвинци, Градец и Грчиште. Седиштето на парохија се наоѓа во градот Валандово во храмот посветен на Св. вмч. Димитриј Солунски - Мироточив.[1]
Цркви и манастири уреди
Ова е список на црквите и манастирите во парохијата. Можно е списокот да не е целосен:
име | населено место | изградена / обновена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Димитриј“ | Валандово | 1830 | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Валандово | 1344 / 1934 | |
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ | Валандово | 15 мај 2015 | |
Црква „Св. Илија“ | Раброво | 2010 | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Брајковци | 19 век / 1931 | |
Црква „Св. Димитриј“ | Балинци | 1860 / 1931 | |
Црква „Св. Петка“ | Марвинци | 19 век / 1926 | |
Црква „Св. Архангел Михаил“ | Грчиште | 1849 | |
Црква „Св. Петар и Павле“ | Грчиште | ||
Црква „Св. Димитриј“ | Градец | 1860 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Градец | среден век | |
Црква „Св. Петка“ | Градец | 2016 |
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски уреди
- Валандовска парохија на Ризницата ?
- Официјално мрежно место Архивирано на 23 јуни 2013 г.
Координати: 41°19′17.5″N 22°33′26″E / 41.321528° СГШ; 22.55722° ИГД