Маренска парохија
парохија на МПЦ-ОА
Маренска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кавадаречкото архијерејско намесништво на Повардарската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во кавадаречкото село Марена.[1] Од 1994 година, парохиски свештеник е Благој Ѓорѓиев (сос. 2017).

Во состав на оваа парохија се селата: Марена, Бегниште, Брушани, Галиште, Глишиќ, Дабниште, Добротино, Кесендре, Кошани, Праведник, Ресава, Сопот, Шешково, Шивец, Возарци, Фариш и Паликура.[2]
Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (парохиска црква) |
Марена | XIX век | |
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ | Бегниште | 1881 | |
Црква „Св. Лазар“ | Бегниште | XIV век | |
Црква „Св. Недела“ | Брушани | 2013 | |
Црква „Св. Троица“ (потопена црква) |
Брушани | 1878 | |
Црква „Св. Богородица“ | Возарци | ||
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Возарци | ||
Црква „Св. Атанасиј“ | Галиште | XVII век | |
Црква „Св. Димитриј“ | Глишиќ | XIX век | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Дабниште | XIII век | |
Црква „Св. Димитриј“ | Добротино | ||
Црква „Св. Димитриј“ | Кесендре | 1896 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Кошани | 1871 | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Полошко/Праведник | 1340 | |
Црква „Вознесение Христово“ | Праведник | 1625 | |
Црква „Св. Архангел Михаил“ | Ресава | 1840 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Сопот | 1977 | |
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ | Шешково | 1872 | |
Црква „Св. Стефан“ | Шивец | ||
Црква „Св. Никола“ | Паликура | ||
Црква „Св. Богородица“ | Фариш | 1873 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 5 февруари 2018.
Надворешни врски
уреди- Маренска парохија на Ризницата ?