Црква „Св. Никола“ - Трница
Свети Никола — манастирска црква на Трничкиот манастир.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°42′35″N 20°41′12.3″E / 41.70972° СГШ; 20.686750° ИГД |
Место | Трница |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1995 |
Завршено | 2012 |
Осветување | 20 мај 2012 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиИницијативата за градбата на оваа црква започнала во 1995 година, за по 17 години цеквата да биде целосно завршена и на 20 мај 2012 година да биде осветена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида во задниот дел. Таа се состои од два дела. Првиот е нешто понизок и го опфаќа влезниот простор на црквата. Тој во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров над кој се издига камбанаријата која има квадратна основа. Кон него води врата од метални решетки над која е испишан називот на манастирот. Внатрешноста на овој дел е уредена со лустер на таванот, а над влезната врата од црквата има полукружна икона со ликот на Свети Никола. Во вториот дел е сместен главниот простор на црквата и истиот претставува продолжение на првиот. Тој во целост е изграден од камен и има по една монофора на страничните ѕидови, како и на четири од осумте страни од куполата. Двата дела на црквата се покриени со лимен кров, вклучувајќи ги и камбанаријата, куполата и апсидата.
Галерија
уреди-
Апсидата на црквата
-
Апсидата со источната страна
-
Влезната врата на црквата
-
Предниот дел од црквата
-
Иконата над влезната врата од црквата
-
Јужната страна на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветена црквата во Трница“. Дневник. 20 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-21. Посетено на 21 мај 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Трница на Ризницата ?