Ваташка парохија

парохија на МПЦ-ОА

Ваташка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кавадаречкото архијерејско намесништво на Повардарската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во кавадаречкото село Ваташа.[1] Од 2002 година, парохиски свештеник е Борче Богоевски (сос. 2017).

Парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“

Во состав на оваа парохија се селата: Ваташа, Гарниково, Драгожел, Бојанчиште, Куманичево, Мрежичко, Рожден, Бунарче, Страгово, Крњево, Чемерско, Бохула, Радња, Горна Бошава, Конопиште, Грбовец, Долна Бошава, Клиново, Радња, раселеното село ’Ржаново и историските села Градиште и Моклиште.[2]

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
(парохиска црква)
Ваташа XIX век  
Црква „Св. Архангел Михаил“ Ваташа 2014  
Црква „Св. Троица“ Ваташа  
Црква „Св. Никола“ Моклиште 1594  
Црква „Св. Атанасиј“ Моклиште  
Црква „Св. Мина“ Гарниково 1837  
Црква „Св. Никола“ Драгожел XIX век
Црква „Св. Димитриј“ Куманичево XIX век  
Црква „Св. Богородица“ Бојанчиште XIX век  
Црква „Св. Илија“ Бојанчиште  
Црква „Св. Димитриј“ Мрежичко XIX век  
Црква „Св. Богородица“ Мрежичко  
Црква „Вознесение Христово“ Рожден 1872  
Црква „Св. Димитриј“ Бунарче XIX век
Црква „Св. Атанасиј“ Страгово XIX век
Црква „Св. Димитриј“ Страгово  
Црква „Св. Петка“ Страгово (во изградба)  
Црква „Вознесение Христово“ Чемерско XIX век  
Црква „Св. Атанасиј“ Бохула 1879  
Црква „Св. Димитриј“ Радња XIX век
Црква „Св. Илија“ Горна Бошава 2003  
Црква „Св. Архангел Михаил“ Долна Бошава 1839  
Црква „Св. Стефан“ Конопиште XIX век  
Црква „Св. Атанасиј“ Конопиште  
Црква „Св. Богородица“ Градиште XIX век
Црква „Св. Петка“ Грбовец XIX век
Црква „Св. Архангел Михаил“ Клиново XVII век  
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Клиново  
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Клиново  
Црква „Св. Никола“ Драдња XIV век  
Црква „Св. Петар“ ’Ржаново  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 9 декември 2017.

Надворешни врски

уреди

41°25′5″N 22°1′5″E / 41.41806°N 22.01806°E / 41.41806; 22.01806