Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Негорци
Свети Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Негорци. Црквата се наоѓа на самото сретсело. Воедно, црквата претставува парохиски храм на Негорската парохија на МПЦ-ОА.
Свети Атанасиј Велики
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Негорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°11′01.2″N 22°28′45.4″E / 41.183667° СГШ; 22.479278° ИГД |
Место | Негорци |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | XIX век |
Зограф | непознат |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиЦрквата е изградена во XIX век од непознат градител, но целосно била обновена во 1996 година, така што денес објектот изгледа како новоизграден.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови, распоредени во два реда со по четири столба во јужниот и западниот дел на наосот. Средишниот, главниот кораб на таванот е украсен со квадратни полиња, а насликана е и фреска со ликот на Исус Христос Седржител. Кон западната страна на црквата е доградена припрата која е одвоена од наосот, додека на источната страна црквата завршува со полукружна олтарна апсида со декоративни ниши. Во припратата се сместени неколку значајни икони, а сочувано е и крило од царските двери кои потекнуваат од XIX век. Внатрешноста на црквата е живописана од непознат зограф.[1]
Дворот на црквата е со голема површина и е ограден. Во него е сместена камбанаријата, како и помошен објект во изградба. Камбанаријата се наоѓа во југозападниот дел од црквата и е прилепена до западната страна од храмот. Таа има осумаголна основа, при што јужната, северната, западната и источната страна се со значително поголема површина. На секоја од нив има по три вертикално поставени монофори.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Негорци на Ризницата ?