Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште

црква во селото Бегниште
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Рождество на Пресвета Богородица
Црква „Св. Богородица“ - Бегниште.jpg

Поглед на црквата со камбанаријата

Македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба
Координати 41°24′6.4″N 21°57′21″E / 41.401778° СГШ; 21.95583° ИГД / 41.401778; 21.95583Координати: 41°24′6.4″N 21°57′21″E / 41.401778° СГШ; 21.95583° ИГД / 41.401778; 21.95583
Населено место Бегниште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1881
Живопис 1881
Зограф Вангел, Никола и Коста Анастасович
Архитектонски опис
Архитектонски тип трокорабна
Портал „МПЦ“

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Бегниште.[1][2]

Таа се наоѓа во самото село, сместена под Тренчевското Маало.

ИсторијаУреди

Подигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасович од Крушево. Ова го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влезод внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи:[2]

„Петре Андон епитроп на времето неино сеп. м. се стори за цркфата се изписа в лето 1880 и маиа 6“

АрхитектураУреди

Црквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони.[3]

ФрескоживописУреди

Целата црква е живописана.[3]

Во првата зона на јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие (Страшниот суд), а над него е Жртва Аврамова, Рождество на Св. Јован Крстител и Гозбата на царот Ирод. На северниот ѕид во првата зона се стоечки фигури, а во втората Каменувањето на архиѓакон Стефан, Христос и Самаријанката на бунарот и Христос им се јавува на апостолите на море. Во олтарниот простор се светите архијереи, а над нив Богородица Ширшаја. На јужната страна е насликана композицијата Причестување на апостолите, а на спротивната Воведение Богородично.[3]

На иконостасот има царски двери изработени од непознат копаничар.[3]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 5 февруари 2018. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. конс. 5 февруари 2018. 

Надворешни врскиУреди