Средорек (област)
историско-географска област во Македонија
За други значења на поимот, погл. Средорек (појаснување).
Средорек — етно-географска област во североисточниот дел на Македонија. Се смета за продолжение на соседната област Жеглигово, како жеглиговски потпредел. Областа се протега од двете страни на Крива Река, пред нејзиното влевање во Пчиња.[1] Се граничи со областите Жеглигово на северозапад, Козјачија на север, Славиште на североисток, Которлак на југ и кратовските села на исток. Во оваа област влегуваат селата што се наоѓаат во југоисточниот дел на Општина Куманово и западниот дел на Општина Кратово. Во областа живее исклучиво македонско население.
Наводи
уреди- ↑ Македонци, Милош Константинов, 1992, стр. 164