Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Богородица
Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Богородица.[1] Црквата е сместена на самото сретсело.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Влезната порта на дворот од црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Стојаковска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°08′26.4″N 22°32′53″E / 41.140667° СГШ; 22.54806° ИГД |
Место | Богородица |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1911 |
Живопис | 1935 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиЦрквата првично била подигната во XIX век, но се наоѓала на друго место. Денешната црква е изградена во 1911 година од страна мијачкиот неимар Андон Китанов, а иконостасот бил изработен во 1935 година од неидентификуван зограф од Галичник.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Во средината на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител. Иконостасот во црквата го исполнуваат четири реда икони, насликани во 1935 година од непознат зограф. Во црквата има и стари икони од XIX век, изработени од страна на непознати зографи.[2] Кон јужниот ѕид на црквата е доградена припрата, на источниот ѕид има полукружна апсида со прозорец во средишниот дел.
Во дворот на црквата е сместена камбанаријата. Таа има шестаголна основа и се издига во непосредна близина на оградата од дворот и источниот ѕид на црквата. Таа содржи по една монофора на секоја страна во висина на ѕвоното во нејзиниот горен дел, како и уште една на источната страна во висина на скалата која води до ѕвоното. Освен камбанаријата, во дворот на црквата има и чешма којашто е изработена од камен.
Галерија
уреди-
Апсидата на источната страна на црквата
-
Камбанаријата
-
Горниот дел на камбанаријата
-
Гнездо над камбанаријата
-
Чешма во дворот на црквата
-
Натпис на влезната порта од дворот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Богородица на Ризницата ?