Википедија:Астроекспедиции 2015
Во текот на 2015 година била организирана една астроекспедиција, со која била посетен еден астрономско наоѓалиште:
- Кокино — едноноќна експедиција во еден дел.
Прва експедиција
уредиКокино
уредиПрвата астроекспедиција беше спроведена на 14 август 2015 година, првично како петта викиекспедиција, но подоцна издвоена како прва од ваквите астроекспедиции.
Иако експедицијата не ни беше планирана во првичниот план за остварување на експедициите, сепак поради заштедите на средства од претходните викиекспедиции, одлучивме да направиме уште една кратка еднодневна експедиција, т.е. подобро кажано во овој случај целоноќна експедиција.
Експедицијата беше во состав на Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Petrovskyz, Нино Богдановски и Симона Гроздановска. Тргнавме од Скопје околу 18:00 часот, претходно застанувајќи во СуперТинекс на Првомајска, а подоцна и на бензинската станица на Лукоил каде наточивме гориво и купивме храна, по што се упативме кон Кокино. Иако времето во Скопје и по пат беше облачно и мислевме дека залудно ќе одиме, сепак среќата нè послужи и на Кокино имавме кристално јасно ведро небо, каде што Млечниот Пат можеше да се види со сета своја јаснотија и многубројни ѕвезди. На Кокино со многу разговори и дружба останавме цела ноќ и го дочекавме и изгрејсонцето точно во 5:50 часот.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Кокино — село | подобрена статија | |
2. | Кокино (наоѓалиште) — мегалитска опсерваторија | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на астроекспедицијата се достапни во следнава категорија: