Црква „Св. Никола“ - Бродец
Свети Никола — главна селска црква во горнореканското село Бродец. Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°47′07.7″N 20°41′04.9″E / 41.785472° СГШ; 20.684694° ИГД |
Место | Бродец |
Општина | Гостивар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во текот на XIX век.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида на источната страна. Од средишниот дел на покривот се издига осумаголна купола, којашто содржи по еден затворен правоаголен прозорец на јужната, северната, западната и источната страна. Влезната врата се наоѓа на јужната страна, а над неа има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Никола. Внатрешноста на црквата е живописана, а фрескописот и иконостасот биле изработени од членови на мијачката зографска школа.
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда. Камбанаријата е сместена непосредно до западниот ѕид на црквата. Таа се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен и содржи залачени отвори на јужната и северната страна, додека вториот претставува шестаголна метална конструкција со пирамидален дрвен кров.
Галерија
уреди-
Влезната порта на дворот од црквата
-
Влезната врата на црквата
-
Фреска со ликот на Свети Никола над влезната врата
-
Апсидата на црквата
-
Куполата на црквата
-
Поглед кон црквата од источната страна
-
Поглед кон црквата од јужната страна
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Бродец на Ризницата ?