Црква „Св. Атанасиј“ - Удово
Свети Атанасиј — главна селска црква во валандовското село Удово, Македонија.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Пиравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′34.2″N 22°26′30.0″E / 41.342833° СГШ; 22.441667° ИГД |
Место | Удово |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | 19 април 1993 |
Осветување | 2002 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена на влезот од селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Јосифово.
Историја
уредиКамен-темелникот за изградба на црквата бил поставен и осветен на 19 април 1993 година, втор ден од христијанскиот празник Велигден, од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква г.г. Гаврил. Храмот бил осветен во 2002 година од поглаварот на Повардарската епархија г. Тимотеј.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумстран тамбур. Источниот ѕид на црквата завршува со полукружна апсида.[2] Влезот на црквата има натстрешница, а над влезата врата има ниша со фреска на која е насликан Атанасиј Александриски.
Во дворот на црквата има спомен-чешма и помошен објект.
Фрескоживопис
уредиВнатрешноста на црквата е делумно фрескоживописана од страна на Златко Ристевски од Велес.[2]
Иконостас
уредиИконостасот е пренесен од црквата „Св. Димитриј” од селото Градец, а истиот е изработен од страна на зографот Исаија Џиков од Дебарско.[2]
Галерија
уреди-
Влезната врата од црквата
-
Влезната врата со фреската на Атанасиј Александриски
-
Фреската на Атанасиј Александриски
-
Спомен-чешма во дворот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 26 јули 2017.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Удово на Ризницата ?