ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци

основно училиште


Основно училиште „Ристо Шуклев“ (официјално: Основно општинско училиште „Ристо Шуклев“ - Негорци; скратено: ООУ „Ристо Шуклев“) — централно основно училиште во гевгелиското село Негорци, Општина Гевгелија.[1]

Ристо Шуклев
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Гевгелија
Наречено по: Ристо Шуклев
Нас. место: Негорци
Адреса: ул. „Маршал Тито“, бр. 22б, с. Негорци
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oouristosuklev.edu.mk/index.htm

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОБ и партизан Ристо Шуклев.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Негорци, сместено во нова училишна зграда, изградена во 1944 година.

Историја

уреди
 
Старата училишна зграда на денешното училиште
 
Старата училишна зграда во 1931 година
 
Старата училишна зграда во 1931 година

Почетоците за организиран воспитно-образовен процес во Негорци датираат од 1873 година кога било отворено првото пропагандно училиште со настава на грчки јазик.

Во 1908 година било отворено егзархиско училиште во кое наставата се изведувала на бугарски и македонски јазик.

Во учебната 1910/11 година месното население финансирало македонско црковно-општинско училиште во кое настава изведувал македонски учител.

Под влијание на српската политика и власт, во 1913 година во Негорци било отворено српско училиште.

Во периодот од 1915-1918 година, Македонија е под бугарска власт, но немало отворено училиште сѐ до назначувањето на новата српска власт на Кралството на Србите, Хрватите и Словените кога во учебната 1918/19 година било отворено училиштето со настава на српски јазик.

Од година во година се зголемувал бројот на учениците, а наставата се изведувала во несоодветни услови. Во 1926 година била изградена училишна зграда. Истата била реновирана по земјотресот во 1931 година.

На 2 август 1944 година, одржано е Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски кога македонски јазик е прогласен за службен јазик. Во октомври почнале да се организираат курсеви за народни учители. Таков курс се организирал и во селото Серменин.

Од 1 декември за првпат официјално народните учители наставата почнале да ја изведуваат на македонски јазик, а учениците да учат на својот мајчин јазик.

Првите народни учители во Негорци биле Иван Антонов, Димитар Попов а потоа и Ѓорге Козаров и Цветанка Јосифова. Иако со неоформено средно образование и едногодишна работа, овие учители дале голем придонес во описменувањето на младата популација и на возрасните. Во учебната 1944/45 година во Народното основно училиште „Ристо Шуклев“ во Негорци учители биле Асен Чалков, Анка Ичоќаева, а по нив Борис Попов, Александар Лазаров и Софија Камберова. Биле опфатени деца на возраст од 7-15 години во основно четиригодишно образование.

Од 1948 година, основното образование од четиригодишно прераснува во седумгодишно образование со полагање мала матура.

Наставниот кадар во училиштето бил со неоформено учителско образование до учебната 1950/51 година. Поголемиот број од нив посетувале учителски курсеви за време на летниот распуст. Меѓу првите учители од населеното место биле Слободан Мурџев, Илија Николов и Ванчо Баламов.

На ниво на државата во учебната 1952/53 година e воведен осумгодишниот образовен систем, а во училиштето во Негорци за првпат е формирана паралелка во VIII одд во учебната 1957/58 година.

Во учебната 1963/64 година, училиштето прераснува во централно основно училиште со подрачни училишта во Серменин, Кованец и Прдејци, а во учебната 1965/66 година, отворена е забавишна група за децата пред поаѓање на училиште. Прв учител во забавишната група била Савка Баламова.

Капацитетот на училишната зграда не ги задоволува потребите, па во 1971 година почнува да се гради нова училишна зграда. Истата е пуштена во употреба во учебната 1972/73 година. Од 1976 година, наставата се изведува во една смена, а во старата училишна зграда се користат простории за интернатско сместување на учениците од другите села. Од учебната 1985/86 година интернатот престанува да работи поради обезбеден бесплатен превоз за учениците.

Во 1976 година, изградена е детска градинка која до 31 август 1992 година работела во состав на училиштето, а потоа е преземена од КДУ „Детска радост“ од Гевгелија.

Подрачното училиште во Серменин престанало да работи во 1980/81 година, а подрачното училиште во Кованец во учебната 2000/01 година. Во состав на ООУ „Ристо Шуклев“ останува да работи само подрачното училиште во Прдејци со две комбинирани паралелки.

Во 1982 година, училишната библиотека се здружува со селската, а во 1992/93 година целиот книжен фонд е префрлен во училиштето.

По 50 години од воведувањето осумгодишно образование, во учебната 2007/08 година, воведено е деветгодишно основно образование.

Училиштето денес

уреди
 
Училиштето денес

Опфаќа околу 2.172 м2 училиштен простор и 3.972 м2 дворна површина. Наставата е кабинетска и се изведува во една смена. За реализација на наставата по физичко и здравствено образование има  фискултурна сала и спортски игралишта што се во училишниот двор.

Наставата се реализира во два објекта – централна училишна зграда во Негорци и подрачна училишна зграда во Прдејци. Условите за работа се подобрени со замена на вратите на училниците во централното училиште, реновирање на санитарните јазли и во двата објекта, набавка на нови плакари во училниците и канцелариите и поставување на систем за видеонадзор и обезбедување.

Во училиштето има вкупно 27 вработени, од кои 20 наставници (плус 3 наставника од други училишта) и 7 раководни, стручни и технички лица.

Подрачни училишта

уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-05.

Надворешни врски

уреди