Штировица (река)

река во Македонија

Штировица[1] или Штировичка Река[2]река во Западна Македонија и десна притока на Радика.

Штировица
Поглед на долното течение на Штировица
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоКораб (од Песок)
 • надм. вис.1.950 м
Устие 
 • место
Радика
 • координати
41°47′52.8″N 20°37′56.2″E / 41.798000° СГШ; 20.632278° ИГД / 41.798000; 20.632278
 • надм. вис.
1.270 м
Должина9,5 км
Големина на сливот26,8 км2
Особености на сливот
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море
Речен сливЈадрански слив

Течение

уреди

Изворишната област на реката се наоѓа меѓу врвовите Црна Чука и Котата, на источната падина во северниот дел на планината Кораб[2], под превојот Голема Корабска Врата. Реката е образувана со спојување на неколку потоци во месноста Песок, на надморска височина од околу 1.950 м. Течението на реката продолжува низ историското село Штировица, поминува покрај караулата Стрезимир и на надморска височина од околу 1.270 м се влева во реката Радика од нејзината десна страна, на местото каде што од левата страна во Радика се влева и Аџина Река.

Хидрографија

уреди

Вкупната должина на Штировица изнесува 9,5 км. Сливното подрачје на реката зафаќа површина од 26,8 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив.[2]. Во долното течение на реката Штировица, во непосредна близина на пограничната караула „Победа - Стрезимир“ и некогашното раселено истоимено село, на реката постои водозафат - бетонска брана од која дел од водите се пренасончуваат кон караулата и хидросистемот на електраните во Маврово.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 81. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово" за период 2017-2022 година“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-12. Посетено на 28 ноември 2017.

Надворешни врски

уреди