Нова џамија (Ростуше)
џамија во селото Ростуше
Нова џамија — џамија во долнореканското село Ростуше. Џамијата е сместена во средишниот дел од селото, на околу стотина метри од сретселото.
Нова џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°36′34.1″N 20°36′00.2″E / 41.609472° СГШ; 20.600056° ИГД | |
Место | Ростуше |
Општина | Општина Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Архитектура
уредиГрадбата на џамијата има квадратна основа и е покриена со лимен кров со купола во среднишниот дел. Ѕидовите на џамијата содржат повеќе издолжени ланцетни прозорци, а аглите на ѕидовите се заоблени. Џамијата е бојадисана во светложолта боја со неколку истакнати столбчести делови кои се со светлокафеава боја. Минарето е обоено во бела боја, а се одликува со тоа што шерефето е покриено со покривна конструкција.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Нова џамија (Ростуше) на Ризницата ?