JSTOR
JSTOR (кратенка од Journal STORage) е дигитална библиотека основана во 1995 година во американскиот град Њујорк.
Вид место | Дигитална библиотека |
---|---|
Седиште | Њујорк, САД |
Основач(и) | William G. Bowen |
Адреса | jstor.org |
Содржи илјадници дигитализирани изданија објавени од повеќе светски академски списанија.
Од 2013 година, повеќе од 8 илјади институции во повеќе од 160 земји ширум светот имаат пристап до оваа дигитална библиотека. Иако најголемиот дел од пристапот до дигитализираните изданија е со претплата, оваа библиотека нуди и содржина која има отворен (бесплатен) пристап.[1]
Нејзината база на податоци содржи повеќе од две илјади наслови на научни списанија објавени од над 900 издавачи, во повеќе од 50 дисциплини.
JSTOR е дел од ITHAKA, непрофитна организација која и помага на академската заедница да користи дигитални технологии за зачувување на научните податоци и за унапредување на истражувањата и наставата на одржлив начин.
Приходите на JSTOR во 2015 година изнесуваа 86 милиони американски долари.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Home“. About JSTOR (англиски). Посетено на 2021-10-23.
- ↑ Roberts, Ken Schwencke, Mike Tigas, Sisi Wei, Alec Glassford, Andrea Suozzo, Brandon (2013-05-09). „Ithaka Harbors Inc - Nonprofit Explorer“. ProPublica (англиски). Посетено на 2021-10-23.