Франческо Тоти

италијански фудбалер

Франческо Тоти (роден 27 септември 1976 година во Рим) — поранешен италијански фудбалер, кој бил капитен на тимот на Рома во Серија А. Неговата примарна позиција била во средниот ред, иако Тоти исто така бил успешен и на позицијата напаѓач. Тоти целата своја кариера ја поминал во Рома, и е прв стрелец и играч со најмногу настапи во историјата на тимот. Тоти се смета за еден од најдобрите играчи во својата генерација, а исто така и за најдобар играч на Рома во историјата.

Италија Франческо Тоти
Тоти во 2014 година
Лични податоци
Роден на 27 септември 1976(1976-09-27)(48 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина &100000000000001670000001,67 м
Играчки податоци
Позиција полушпиц, напаѓач
Повлекување 1 јули 2017 (40 години) - како играч
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-2017 Рома Рома 619 (250)
Репрезентација
1998-2006 Италија Италија 58 (9)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Како освојувач на Светското првенство во 2006 година и финалист на Европското првенство во 2000 година, Тоти бил избран во најдобриот тим и во двете натпреварувања. Добитник е на многу поединечни награди, вклучувајќи ги рекордните пет пати италијански фудбалер на годината и двапати за фудбалер на годината во Серија А. Тоти бил именуван во ФИФА 100, списокот на 125 најголеми живи фудбалери избрани од Пеле како дел од прославата на стогодишнината на ФИФА. Во 2011 година, Тоти бил прогласен од страна на МФФИС (меѓународна федерација на фудбалска историја и статистика) за најпопуларен фудбалер во Европа.

Често нарекуван од страна на италијанските спортски медиуми како златното момче, големото бебе и гладијаторот, Тоти во моментов е петти стрелец на сите времиња во историјата на лигата со 215 голови.

Почеток на кариерата

уреди

Тоти е роден во Рим, син на родителите Лоренцо и Фиорела Тоти. Неговото семејство израснало во околината Порта Метрониа. Како дете Тоти редовно играл фудбал со постари деца и во тоа време негов идол бил екс капитенот на Рома, Џузепе Џанини. Тоти почна да игра фудбал во младинскиот тим на возраст од 8 години, со Фортитуто, па после се приклучи во тимот на Смит Трастевере и Лодиџани. Откако станал мета на скаутите, неговата мајка одбила профитабилна понуда од страна на тимот на Милан, за да остане во неговиот роден град, па Тоти се приклучил во млдинскиот тим на Рома во 1989 година.

Клупска кариера

уреди

Првите сезони

уреди

По три години во младинскиот тим, Тоти го имаше својот прв настап за сениорскиот тим на Рома на возраст од шеснаесет години, кога тренерот Вујадин Бошков го стави да игра во гостинската победа од 2-0 против Бреша на 28 март 1993 година. Во следните сезони, Тоти почна да игра повеќе натпревари и го постигна својот прв гол на 24 септември 1994 година во ремито од 1-1 против Фоџа. До 1995 година, Тоти стана редовен во првиот тим и постигна 16 голови во наредните три сезони. Кога тој ја презеде капитенската улога во тимот во 1998 година, Тоти почна да станува симбол на клубот. Менаџерот Зденек Земан играше со офанзивна формација 4-3-3, во која Тоти беше лево крило. Тоти постигна 30 голови за време на двегодишното менаџирање на Земан.

Иако Тоти не беше повикан да учествува на ФИФА Светското првенство во 1998 година, тој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на годината во Серија А во сезоната 1998-99.

Скудето 2001

уреди

Во сезоната 2000-01, Рома, тогаш предводена од страна на Фабио Капело, правеше конкурентен тим на чело со Тоти, кој почна да игра како плејмејкер со цел да ги искористи неговите вештини за асистирање. Тоти постигна тринаесет гола во сезоната. На 17 јуни 2001 година, Тоти го освои Скудетото, и постигна еден гол во победата од 3-0 против Фиорентина во Супер купот на Италија.

Тоти беше прогласен за италијански фудбалер на годината во 2000 и 2001 година. Тој ја доби својата прва номинација за златна топка во 2000 година, завршувајќи четиринаесетти на гласањето, а петти наредната година. Тоти исто така, стана идол од страна на навивачите, кои беа во можност да се идентификуваат со позадината на Тоти како вечен поддржувач на Рома и жителите на Рим, и исто така со неговата вештина на теренот.

Во следните сезони, Тоти играше како втор напаѓач, како дел од формацијата 3-5-2 и во сезоната 2003-04 постигна за него најмногу во кариерата 20 гола, каде Рома заврши како второпласирана после Милан во трката за Скудетото. Тоти, исто така ја освои својата втора последователна награда за италијански фудбалер на годината. И покрај разочарувачката сезона во 2004-05 година, каде што Капело после ја напушти Рома за Јувентус, и Рома падна на осмото место, правејќи четири промени на тренерската позиција во текот на сезоната, Тоти го одржуваше неговиот офанзивен капацитет постигнувајќи петнаесет голови, меѓу кои и неговиот 100-ти гол во Серија А против тимот на Интер на 3 октомври 2004 година. Два месеци подоцна, на 19 декември, Тоти стана најдобриот стрелец во историјата на Рома по постигнувањето на неговиот 107-ми гол во кариерата против Парма, надминувајќи го претходниот рекорд на Роберто Пруцо.

Како напаѓач со Спалети

уреди

Новиот тренер на Рома за сезоната 2005-06, Лучано Спалети, почна со формацијата 4-2-3-1. Во оваа формација, Тоти не остана како напаѓач чекајќи вкрстувања или асистенции, па затоа се враќаше назад да ја земе топката, со што се создаваше простор за офанзивниот среден ред. На оваа нова позиција, Тоти почна да постигнува голови многу почесто од минатото и постигна 15 гола на 24 натпревари. Во еден момент во текот на неговата низа, тимот победи на 11 последователни натпревари.

На 19 февруари 2006 година, Тоти доживеа фрактура на левата лисна коска и оштетување на лигаментите за време на натпреварот против Емполи после прекршокот од страна на Ричард Ванигли. Тоти рзикуваше отсуство од Свтското првенство во 2006 година, но се врати во тимот на 11 мај како замена во поразот на Рома од 3-1 против Интер во финалето на Купот на Италија. Метална плочка беше прикачена на неговиот глужд за време на операцијата, но докторите одлучија да не го оперираат повторно и да му ја отстранат по неговото враќањето, по согласувањето дека тоа нема да влијае на неговата игра.

Сезоната 2006-07 беше најдобра за Тоти, каде заврши како најдобар стрелец во Серија А со постигнати 26 гола, а Рома заврши како вицешампион веднаш до Интер, но затоа им се одмаздија на Интер, победувајќи ги и освојувајќи го Купот на Италија во 2007 година. Тоти исто така беше добитник на ЕСМ Европска Златна копачка, награда за најдобар европски стрелец. И покрај тоа што беше најдобар активен стрелец во Серија А, Тоти не беше еден од финалистите за ФИФА Светски играч на годината за 2007 година поради неговото отсуство во репрезентацијата, иако тој беше номиниран за златната топка во 2007 година, завршувајќи десетти на гласањето.

Тоти го постигна својот 200-ти гол со Рома во победата од 4-0 против Торино во Купот на Италија на 16 јануари 2008 година. Тоти беше прогласен за италијански фудбалер на годината по петти пат во својата кариера на 28 јануари. Тоти ја заврши сезоната со повреда на неговото десно колено за време на ремито 1-1 против Ливорно на 19 април. Тестовите покажаа искинување на неговиот преден клучен лигамент што изискуваше операција, при што беше надвор од терените четири месеци. Рома го освои својот деветти Куп на Италија со победата од 2-1 против Интер на 24 мај. Иако Тоти не играше, сепак му беше дозволено да го подигне трофејот како капитен на тимот. Со оваа победа, Тоти стана најуспешниот капитен во историјата на тимот. Во тоа време, Тоти имаше освоено пет титули и 10 вицешампионски медали.

Ерата на Раниери

уреди

Тешкиот старт на Рома во сезоната 2008-09 и мачењето кое беше продолжено на стартот од сезоната 2009-10 го натера Спалети да поднесе оставка после неговото четиригодишно владеење, и беше заменет со Клаудио Раниери. Тоти играше добро во квалификациите за УЕФА Европа Лигата. Тоти оттогаш постигна три хет-трикови, прво во гостинската победа од 7-1 против Гент во третото квалификациско коло, а потоа уште еднаш со идентичен резултат против Кошице на Олимпико во плеј-оф колото. Тоти, исто така потигна три гола против Бари во Серија А по неговото враќање од едномесечната повреда.

На 30 ноември 2009 година, Тоти потврди дека потпиша нов петгодишен договор со што би останал во тимот до 2014 година, по што Тоти ќе стане еден од клупските директори за дополнителни 5 години. Договорот беше официјализиран од страна на Одборот на директори на 16 декември 2009 година. Рома му понуди бруто годишна плата од 8.9 милиони евра за сезоната 2009-10 и 8.6 милиони евра во наредните четири сезони.

Со низата од 24 натпревари без пораз во Серија А, Рома стана единстваениот конкурент на Интер во последните три кола во борбата за лигашката титула, на крајот завршувајќи како второпласиран тим по крајот на последното коло. И покрај неколкуте проблеми со повреди, Тоти ги надмина легендите како што се Габриел Батистута, Џузепе Сињори, и Курт Хамрин во списокот на најдобри стрелци во лигата на сите времиња. Тоти, исто така, играше во финалето на Купот на Италија против Интер на 5 мај 2010 година, но заработи црвен картон во завршните минути од второто полувреме за удирање на Марио Балотели. Рома изгуби со 0-1, пропуштајќи да го донесат дома својот 10-ти трофеј во Купот на Италија.

Владеењето на Монтела

уреди

Во сезоната 2010-11, Рома продолжи со нивните “традиционално” слаби почетоци, делумно обвинувајќи го неуспехот на Раниери да развие постојан избор на тактика, менувајќи ги и формацијата и почетниот состав после секоја недела. Иако на лично ниво, Тоти ја освои наградата Златна нога, недостатокот на верба на Раниери во Тоти значеше дека капитенот треба сè повеќе време да помине на клупата за резерви во корист на Марко Бориело, Мирко Вучиниќ и Џереми Менез. Ова ограничено време за играње (вклучувајќи ја и замената во 91-та минута против Сампдорија) резултираше со само три лигашки гола во 21 настап. По поразот на Рома против Џенова на 20 февруари 2011 година, Раниери поднесе оставка од тренерската позиција во Рома, и Тоти учествуваше во ангажирањето на неговиот поранешен соиграч Винченцо Монтела за преземање на тренерската функција.

Монтела се врати на формацијата на Спалети 4-2-3-1, и Тоти повторно ја пронајде неговата најдобра игра. Во рамките на своите први пет лига настапи под водство на Монтела, Тоти, повторно се најде во почетната постава и успеа да постигне седум гола, вклучувајќи ги и тие против Лацио, Фиорентина и Удинезе. На 3 март, Тоти беше изгласан за најдобар активен италијански играч во анкетата спроведена од неделникот “La Gazzetta dello Sport” со 100 италијански личности кои учествуваа во гласањето, вклучувајќи ги и фудбалерите, политичарите и луѓето од шоу-бизнисот.

На 20 март, Тоти стана шестиот играч во историјата на Серија А кој постигнал 200 гола, запишувајќи се во списокот на стрелците двапати во ремито против Фиорентина, зголемувајќи го неговиот вкупен скор на 201. На 1 мај, Тоти даде гол против Бари изедначувајќи го и преземајќи го рекордот на Роберто Баџо во вкупниот број на постигнати голови во лигата со неговиот 205-ти и 206-ти гол. Така, Тоти стана петтиот стрелец на сите времиња во Серија А зад само Силвио Пиола, Гунар Нордал, Џузепе Меаца и Жозе Алтафини. Тоти го заврши својот неверојатен пресврт во сезоната, комплетирајќи ја сезоната 2010-11 во Серија А со 15 гола, постигнувајќи 12 гола за Рома во последните 13 кола во лигата.

Луис Енрике 2011- сегашност

уреди

Сезоната 2011-12 започна со неколку стартови на Тоти под водство на Луис Енрике, во сезоната во која Рома имаше трнлив почеток. Тоти претрпе повреда на 1 октомври 2011 година во второто полувреме против Аталанта, која го држеше надвор од акција сè до 20 ноември 2011 година, кога влезе во 66-та минута како замена во натпревар против Лече, кој Рома го победи со 2-1. Во текот на оваа пауза, се чувстуваше неговото отсуство на теренот, додека Рома со претежно нов и млад тим претрпе неколку издигнувања и падови во нивните натпревари, навикнувајќи се еден на друг. Во средината на декември, каде Тоти почна да ја враќа својата форма после повредата, неговото присуство стана се почесто во формацијата на Луис Енрике, често играјќи во средниот ред, односно како офанзивен играч од средниот ред. На 12 декември 2011 година одличниот настап на теренот против Јувентус, вклучувајќи ја и асистенцијата за водечкиот гол на Даниеле Де Роси, беше нарушен со промашување на пенал во второто полувреме. Тоти направи уште неколку асистенции, особено асистенцијата до Пабло Освалдо во победата на Рома од 3-1 против Наполи на Сан Паоло, и асистенцијата за голот на Даниеле Де Роси против Катанија на Масимино. Во не толку офанзивна улога на теренот за Рома, Тоти не постигнуваше толку често голови како порано, одлучувајќи да игра како мост помеѓу нападот и средината, при што неговото присуство и искуство во натпреварите беа од витално значење за целиот тим.

На 8 јануари 2012 година, Тоти го постигна својот прв гол во сезоната против Киево, обезбедувајќи прво еден пенал во првото полувреме и уште еден во второто полувреме, во натпревар кој заврши со 2-0 за Рома. Тоти продолжи со постигнување два гола во победата од 5-1 против Чезена, со што постави нов рекорд, затоа што неговиот втор гол на натпреварот го донесе до скор од 211 лигашки гола, најмногу кој некој играч некогаш постигнал за еден тим во Серија А. Како што почнуваше вториот дел од сезоната 2011-12, Тоти остана на четири гола, но неговите перформанси продолжија да бидат уверливи и во победата на Рома од 4-0 против соперникот Интер на 5 февруари 2012 година, каде корнерот изведен од страна на Тоти се претвори во асистенција за Хуан, кој го постигна почетниот гол во доминантната игра на Рома. Од тој натпревар па натаму статистиката на Тоти во сезоната беше 8 голови и 7 асистенции на 25 настапи. Тоти го постигна својот петти гол во сезоната 2011-12 во победата од 3-1 над Удинезе. Тоти постигна погодок повторно во поразот од 2-1 против Фиорентина, а две недели подоцна на својот 500-ти натпревар во Серија А тој постигна два гола во ремито 2-2 против Катанија на Олимпико.

Меѓународна кариера

уреди

Тоти прво дојде до меѓународна слава додека играше во младинските турнири на УЕФА. Тој постигна гол во поразот на Итилија од 4-1 против Шпанија во финалето на УЕФА Европското првенство до 18 години во јули 1995 година. Тоти го освои УЕФА Европското првенство до 21 година во 1996 година, каде во финалето го постигна првиот гол во ремито 1-1 против шпанците, пред да победат на пенали. По главната улога со репрезентациите на Италија до 19 и до 21 година, Тоти го имаше својот прв настап за репрезентацијата на Италија во победата за време на квалификациите за Еуро 2000 против Швајцарија на 10 октомври 1998 година.

Еуро 2000

уреди

Италија отиде на Европското првенство во 2000 година со Тоти во одлична форма. Тоти ги постигна првите два гола за време на турнирот. Првиот гол дојде против ко-домаќинот Белгија во првиот круг, вториот против Романија во четврт-финалето. Неговата самоувереност и лесно изведениот пенал во полуфиналната победа на пенали против Холандија беше прогласен за еден од “магичните моменти” на турнирот. Иако Италија загуби од Франција во финалето, Тоти беше прогласен за играч на натпреварот и беше избран во тимот од 22 најдобри играчи на турнирот.

2002 Светско Првенство

уреди

Откако му беше доделен дресот со број 10 и плејмејкерските должности во Италија, се очекуваше многу од Тоти во своето деби на Светско Првенство. Сепак, следеше разочарување на Светското Првенство во 2002 година, со неуспехот на Тоти да направи значително влијание, а потоа и беше исклучен за време на поразот од Јужна Кореја во вториот круг, откако му беше доделен контроверзен втор жолт картон од страна на Бајрон Морено за наводен прекршок во шеснаесетникот.

Еуро 2004

уреди

Тоти се стекна со мерка за срам на Еуро во 2004 година, откако тој плукна во данскиот играч од средниот ред, Кристијан Поулсен во ремито без голови на 14 јуни 2004 година. Тоти подоцна беше казнет сè до полуфиналните средби, но никогаш не се врати во игра, завршувајќи го првенството без голови поради елиминација на Италија во првиот круг.

2006 Светско Првенство

уреди

Тоти оздраве на време за да му се приклучи на репрезентацијата во нивната победоносна кампања на Светското Првенство во 2006 година, и покрај тоа што немаше многу одиграно подготвителни натпревари за време на неговата пауза од три месеци, опоравувајќи се од повредата. Марчело Липи покажа огромна верба во Тоти, уверувајќи го за време на неговата рехабилитација дека неговото место во репрезентацијата на Италија на Светското Првенство е безбедно и да се фокусира на закрепнување. Ова охрабрување и покажана верба во него го исполни Тоти со желба да работи уште повеќе за да го надмине тоа што можеше да биде повреда за крај на кариерата и стигна до Германија наспроти сите прогнози (и голем дел од мислењето на италијанските медиуми). Тоти оздраве на време и всушност играше цело време во Берлин со метални плочки во глуждот што допрва требаше да бидат отстранети по опрерацијата. Сепак, Тоти беше избран во тимот на Марчело Липи, играјќи на сите седум натпревари за Италија. За време на турнирот, Тоти играше заедно со Андреја Пирло зад единствениот напаѓач Лука Тони, формирајќи опасен офанзивен тандем во средниот ред. Тоти го заврши турнирот со најмногу асистенции од сите играчи, како и постигнувајќи еден гол преку пенал во победата на Италија од 1-0 против Австралија во најдобрите 16 на 26 јуни. Како признание за успешен турнир, Тоти беше избран во најдобриот тим.

Пензионирање

уреди

Тоти планираше да се повлече од репрезентацијата на Италија по крахот на Свтеското Првенство, но ја смени неговата одлука и остана нерешителен за неговата иднина повеќе од една година, а во меѓувреме не беше повикан. Тоти го објави своето пензионирање на 20 јуни 2007 година, на почетокот на сезоната 2007-08 во Серија А, со цел исклучиво да се фокусира со тимот на Рома. Тогашниот тренер на Италија, Роберто Донадони се обиде да го премисли Тоти за квалификациите за наредното Еуро во 2008 година, но не беше успешен.

По повторното обединување на репрезентацијата со Марчело Липи, Тоти најави дека би играл на Светското Првенство во 2010, во Јужна Африка, доколку биде повикан. Сепак, немаше официјална изјава од Тоти или Липи за можно враќање. За настанот, Тоти не беше именуван во конечниот тим, а Италија подоцна беше елеминирана, завршувајќи последна во својата група, нивен најлош резултат некогаш во групната фаза во историјата на Светските првенства. Диего Марадона и поранешните репрезентативни колеги Фабио Канаваро и Џанлуиџи Буфон изјавија дека една од причините за раната елиминација на Италија е немањето креативни играчи како Тоти.

Гол-прослави

уреди

Тоти е познат по прославувањето на неговите голови на темпераментен начин. Неговата најпозната прослава беше на 11 април 1999 година во второто градско дерби во сезоната 1998-99, во кое тој постигна гол во последните минути од натпреварот и прославувајќи го со покажување на маицата под неговиот дрес на која што пишуваше “пак ве исчистив”, мислејќи на претходното дерби против Лацио на 29 ноември 1998 година, кога Тоти и помогна на Рома да се врати од негатива 3-1 со асистенција до Марко Делвекио за 3-2 и конечно постигнувајќи гол за 3-3. Друг дерби гол против Лацио го прослави со преземање на страничната камера насочувајќи ја кон навивачите на Рома. Тоти покажа бројни пораки со маици под неговиот дрес во текот на годините, вклучувајќи две за неговата сопруга, “Ти си правата” и “Ти си сè уште правата”, и една политичка порака, “слободна Џулијана” во чест на Џилијана Сгрена, италијански новинар киднапиран во 2005 година од страна на бунтовниците во Ирак (подоцна ослободена). Најновата порака на неговата маица гласеше “Извинете за доцнењето”, кој ја покажа на 8 јануари 2012 година, извинувајќи се на навивачите за долгиот период во кој не постигна гол, по постигнувањето на неговиот прв гол во сезоната против Киево.

Во чест на тогаш неговата бремена жена, Илари Бласи, Тоти имитираше сцена со породување на дете, со ставање на топката под неговата маица и лежејќи на неговиот грб, додека неговите соиграчи ја извлекоа топката. Неговиот сегашен ритуал на цицање на палецот по постигнување на гол почна откако неговиот син се роди, а подоцна и раѓањето на неговата ќерка. Бласи откри дека Тоти всушност единствено го цица својот палец посветувајќи ја прославата на неа.

Приватен живот

уреди

Сопругата на Тоти, Илари Бласи е поранешна танчерка која беше ко-домаќин на познатото шоу “Le Iene” на каналот Италија 1 од 2007 година. Парот се венча на 19 јуни 2005 година, на Базиликата во Санта Марија во Аракоели. Нивната свадба беше емитувана на телевизија, а приносите беа донирани во добротворни цели. Тие го добија своето прво дете, Кристијан, на 6 ноември 2005 година. Нивното второ дете, ќерката Шанел, е родена на 13 мај 2007 година. Двојката често ја нарекуваа “италијанските Бекамови”, а нивните приватни животи често се зборуваа во италијанските списанија и таблоиди.

Братот на Тоти, Рикардо, работеше како негов агент и управуваше со многу од неговите брендови и бизнис интереси, под името “Број Десет”, вклучувајќи ја и академијата Франческо Тоти, фудбалски тренинг камп за деца, и фудбалската школа Тоти, која е фудбалски камп за деца со пречки во развојот. Тоти, исто така, поседува тркачки тим со мотори, наречен Тоти Топ Спорт.

Тоти стана амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ во 2003 година, и на ФИФА/СОС Детското село во јануари 2006 година. Како начин за собирање средства во добротворни цели за деца, Тоти издаде два бестселери, книги кои содржат шеги кои се искажани од страна на месното население за него и неговите соиграчи. Некои од шегите беа снимени во кратко видео, во кое учествуваа самиот Тоти заедно со неговите добри пријатели и колеги од репрезентацијата како, Алесандро Дел Пјеро, Џанлуиџи Буфон, Кристијан Виери, Антонио Касано, Марко Делвекио и Алесандро Неста и поранешниот тренер на репрезентацијата, Џовани Трапатони, во кратко шоу наречено “La sai l'ultima di Totti”.

Тоти е познат по својата техника за постигнување голови, која го инспирираше за насловот на неговата автобиографија во 2006 година, Romanesco for "I'm going to Chip Him".

Тоти исто така, собира дресови од тимови од целиот свет. Во 2003 година, по рагби натпреварот на “Шесте Нации” помеѓу Италија и Ирска, ирските играчи Брајан О’Дрискол и Денис Хики, секој од нив доби дрес од Тоти во замена за нивните.

Тоти е ставен на омотот на играта Про Еволушн Сокер 4 заедено со Тиери Анри и италијанскиот судија Пјерлуиџи Колина.

Тоти го активираше своето официјално мрежно место, http://www.francescototti.com Архивирано на 2 септември 2011 г., во ноември 2009 година, каде што неговата професионална статистика, блог, реклами и статии можат да се најдат.

Во февруари 2010 година, Тоти потпиша профитабилен спонзорски договор со фирмата за коцкање преку интернет, Парти Покер. Тоти призна дека тој е навистина страствен играч на покер, играјќи на интернет со неговите соиграчи.

Достигнувања

уреди

Клуб

уреди

Победници
Вицешампиони

Меѓународни

уреди
Победници
Вицешампиони

Рекорди

уреди
  • Најдобар активен стрелец во Серија А: 215 гола
  • Најдобар стрелец на Рома на сите времиња: 270 гола
  • Најдобар стрелец на Рома на сите времиња во Серија А: 215 гола
  • Најдобар стрелец на Рома на сите времиња во Лига на Шампиони: 16 гола
  • Најдобар стрелец на Рома на сите времиња во Лига Европа: 21 гол
  • Најдобар стрелев на Рома на сите времиња во натпреварувањата на УЕФА: 37 гола
  • Најмногу настапи за Рома на сите времиња: 641 натпревар
  • Најмногу настапи за Рома на сите времиња во Серија А: 501 натпревар
  • Најмногу настапи за Рома на сите времиња во Лига на Шампиони: 50 натпревари
  • Најмногу настапи за Рома на сите времиња во Лига Европа: 38 натпревари
  • Најмногу настапи за Рома на сите времиња во натпреварувањата на УЕФА: 88 натпревари

Поединечни

уреди
Златна топка
  • 2000 – 14-ти
  • 2001 – 5-ти
  • 2002 – избран (први 50)
  • 2003 – 18-ти
  • 2004 – избран (први 50)
  • 2007 – 10-ти
ФИФА најдобар фудбалер во светот

Статистика во кариерата

уреди

Клупска кариера

уреди
Тим Сезона Серија А Куп на Италија Европски натпреварувања Други натпреварувања Вкупно
Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола
Рома 1992–93 2 0 - - - - - - 2 0
1993–94 8 0 2 0 - - - - 10 0
1994–95 21 4 4 3 - - - - 25 7
1995–96 28 2 1 0 7 2 - - 36 4
1996–97 26 5 1 0 3 0 - - 30 5
1997–98 30 13 6 1 - - - - 36 14
1998–99 31 12 3 1 8 3 - - 42 16
1999–00 27 7 2 0 5 1 - - 34 8
2000–01 30 13 2 1 3 2 - - 35 16
2001–02 24 8 - - 11 3 1 1 36 12
2002–03 24 14 5 3 6 3 - - 35 20
2003–04 31 20 - - 1 0 - - 32 20
2004–05 29 12 7 3 4 1 - - 40 16
2005–06 24 15 2 0 3 2 - - 29 17
2006–07 35 26 5 2 9 4 1 0 50 32
2007–08 25 14 3 3 6 1 1 0 35 18
2008–09 24 13 - - 7 2 1 0 32 15
2009–10 23 14 2 0 6 11 - - 31 25
2010–11 32 15 - - 7 2 1 0 40 17
2011–12 27 8 2 0 2 0 - - 31 8
Вкупно во кариерата 501 215 47 17 88 37 5 1 641 270

Статистика во натпреварувањата

уреди

Меѓународна кариера

уреди
Репрезентација Година Меѓународни натпреварувања Прилателски Вкупно Гол по натпревар
Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола
Италија 1998 1 0 2 0 3 0 0
1999 3 0 3 0 6 0 0
2000 8 3 4 1 12 4 0.333
2001 4 1 2 0 6 1 0.167
2002 4 0 2 0 6 0 0
2003 3 1 2 0 5 1 0.2
2004 3 2 3 0 6 2 0.333
2005 4 0 1 0 5 0 0
2006 7 1 2 0 9 1 0.111
Вкупно 37 8 21 1 58 9 0.155

Меѓународни голови

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди