Даниеле Де Роси
Даниеле Де Роси (роден на 24 јули 1983 во Рим, Италија) — италијански фудбалер, репрезентативец и играч од средниот ред на Серија А клубот Рома. Тој е моментален заменик-капитен на Рома. Во 2009 година тој бил добитник на наградата Фудбалер на годината во Италија.
Даниеле Де Роси | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јули 1983 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Рома | ||
Број | 16 | ||
Младинска кариера | |||
Рома | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001– | Рома | 430 | (41) |
Репрезентација ‡ | |||
2004- | Италија | 117 | (21) |
Тренер на екипи | |||
2022–2023 | СПАЛ | ||
2024– | Рома | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиДе Роси ги направил својте фудбалски почетоци во малку познатата екипа Остиа Маре во 1997 година. Во 2000 преминал во младинскиот состав на Рома, каде најпрво играл на позицијата напаѓач. Тој настапувал за младинскиот тим до 2003 година, но од 2001 постепено добивал шанса да игра и за првиот тим на Рома, иако најчесто влегувајќи како резерва. Своето деби за првиот тим на волчицата го имал на 10 октомври 2001 против белгискиот Андерлехт, во натпревар од Лигата на шампионите. Дебито во Серија А пак, го имал на 25 јануари 2003 против екипата на Комо. На 10 мај истата година во натпреварот против Торино, Де Роси за првпат бил стартер во својата кариера и воедно во тој натпреварот го постигнал и својот прв гол.
Во март 2006 година, судијата Мауро Бергонци го пофалил Де Роси за фер-плеј по завршувањето на првенствениот натпревар против Месина; иако Рома во тој момент губела со 1-0 и Де Роси постигнал погодок за изедначување на резултатот, но со рака која судијата во реално време не ја забележал, но веднаш потоа Де Роси му признал дека играл недозволено, па погодокот бил поништен. Сепак, подоцна во натпреварот Рома успеала да направи пресврт и победи со 2-1.
Во сезоната 2006-2007, Де Роси постигнал прекрасен погодок во натпреварот против Фиорентина од преку 35 метри оддалеченост, не оставајќи му никакви шанси за реакција на францускиот голман Себастијан Фреј. Исто така, Де Роси во истата сезона постигнал убав погодок и во Лигата на шампионите во катастрофалниот пораз со 7-1 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, во четвртфиналето од ова натпреварување.
Во февруари 2012 година, Де Роси потпишал нов петгодишен договор со Рома. Така, тој станал најплатениот фудбалер во италијанската Серија А со заработувачка од 10.000.000 € на годишно ниво, или 6.5 милиони по сезона. Претходниот рекорд на тимот од Рим кога се во прашање италијанските фудбалери бил Франческо Тоти (со 8.900.000 € во сезоната 2009-2010).
Репрезентативна кариера
уредиДе Роси одиграл неколку натпревари за италијанските репрезентативни селекции до 19 и 20 години. Со италијанската селекција до 21 година, пак, станал европски првак во оваа категорија во 2004 година на првенството одржано во Германија. Тој бил незаменлив и клучен играч во оваа златна генерација на Аѕурите. Истата година, Де Роси настапил и за У-23 селекцијата на Италија на Олимписките игри во Атина каде што се закитил со бронзен медал. Неколку недели подоцна откако се вратил од олимпијадата во Грција, Даниеле го забележил својот прв настап за италијанската А селекција. Беше тоа во квалификацискиот натпревар за СП 2006, против селекцијата на Норвешка, во Палермо и веќе на самото деби го постигнал и својот прв погодок за победа на Италија од 2-1.
СП 2006
уредиДаниеле Де Роси бил член на репрезентацијата на Италија која настапила на Светското Првенство 2006 година. Во првиот натпревар во групата, против САД, Де Роси бил исклучен добивајќи директен црвен картон за удирање во лицето на противничкиот напаѓач Брајан МекБрајд. МекБрајд го напуштил теренот со искрварено лице, но се вратил во игра по укажаната лекарска помош. Британскиот канал BBC ја искоментирал постапката на Де Роси со следниве зборови: "Де Роси само се посрамоти себеси со одвратниот потег кој го направи, удирајќи го непотребно со лактот в лице Брајан МекБрајд."[1] Тој подоцна му се извини на МекБрајд за неспортскиот потег,[2] но неуспеа да ја изегне суспензијата од 4 натпревари која му беше доделена и воедно е казнет со 10.000 CHF.[3]
Откако е дисквалификуван за настап во следните 4 натпревари, Де Роси повторно заиграл за Италија дури во финалето на турнирот против Франција. Тогаш се појавил во игра во 61. минута како замена за својот капитен од екипата на Рома, Франческо Тоти. По завршувањето на двете продолженија натпреварот завршил нерешено (1-1), по што победникот требало да го одлучат пеналите. Де Роси беше успешен за својата репрезентација во третата серија, и со тоа и "помага" на својата земја да го освои четвртиот наслов Светски Првак во историјата.
Евро 2008
уредиДе Роси ги одиграл сите репрезентативни натпревари во квалификациите за пласман на Евро 2008, и постигнал еден погодок против селекцијата на Грузија. Откако Франческо Тоти по завршувањето на Мундијалот во 2006 објавил крај на својата репрезентативна кариера, Де Роси добил чест да го носи неговиот дрес со број 10. Тој бил и капитен на три натпревари: во пријателски натпревари против Јужна Африка (17 октомври 2007) и Португалија (6 февруари 2008) и во квалификациите против Фарски Острови.
На 17 јуни 2008, во последниот натпревар од групната фаза на Евро 2008, Де Роси постигнал погодок од слободен удар против Франција во победата со 2-0. При неговиот удар, топката го погодила Тјери Анри од кој се одбила во спротивен правец.Неговиот погодок и дава можност на селекцијата да помине во следната фаза т.е. во четвртфиналето. Во четвртфиналниот натпревар против Шпанија, победникот е одлучуван на пенали по конечните 0-0 по 120 минути. Шпанскиот голман Икер Касиљас го запрел ударот на Де Роси, а подоцна Шпанија се пласирала во полуфинале со победа од 4-2 на пенали.
Титули
уредиРома
уреди- Куп на Италија (2) : 2007 и 2008
- Суперкуп на Италија (1) : 2007
- Серија А (5) : 2003–04, 2005–06, 2006–07, 2007–08, 2009–10
Репрезентација на Италија
уреди- УЕФА Европско првенство до 21 година (1): 2004
- Светско Првенство (1) : 2010
- Олимписки игри: 2004-бронзен медал
- Евро 2012: вицешампион
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Italy 1:1 USA
- ↑ „De Rossi apologizes to McBride for elbow“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2012-11-30.
- ↑ „Italy's De Rossi gets four-match ban from FIFA“. Архивирано од изворникот на 2012-02-01. Посетено на 2012-11-30.