Алесандро Неста (роден на 19 март 1976) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција одбрана.

Алесандро Неста
Неста играјќи за Монтреал во 2013 година
Лични податоци
Полно име Алесандро Неста
Роден на 19 март 1976(1976-03-19)(48 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 13
Младинска кариера
1985–1993 ФК Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–2002 ФК Лацио 193 (1)
2002–2012 ФК Милан 224 (7)
2012– 2013 ФК Монтреал Импакт 31 (0)
2014 ФК Ченајин 3 (0)
Вкупно 451 (8)
Репрезентација
1995–1996 Италија U-21 6 (1)
1996–2006 Италија 78 (0)
Тренер на екипи
2016– Мајами
* Ажурирано на: 13 мај 2012
** Ажурирано на: 11 октомври 2006

Неста својата професионална кариера ја започнал со Лацио, каде настапувал во периодот од 1993 до 2002 година за да премине во редовите на Милан. Со Милан и Лацио Неста освоил 17 трофеи од кои четири Калчо титули, две во Лигата на шампионите, Куп на куповите и клупско светско првенство. За репрезентацијата на Италија одиграл 78 натпревари и освоил злато на Светското првенство во 2006 и сребро на Европското првенство 2000 година.

Неста бил 4 пати избран за најдобар дефанзивец во Серија А и четри пати член на Уефа тимот на годината.[1] Во 2004 година, тој беше избран во Топ 100 најголеми живи фудбалери како дел од прославата на 100 годишнината на ФИФА.[2]

Во 2012 година потпишал за канадскиот ФК Монтреал Импакт каде и што ја завршил својата професионална кариера.

Наводи

уреди
  1. „– Team of the Year“. Uefa.com. 24 Oct 2012. Посетено на 5 Nov 2012.
  2. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 15 June 2013.

Надворешни врски

уреди