Римски форум
Римскиот форум (лат. Forum Romanum) — средиште на политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на Стариот Рим[1]. Под форум се подразбираат сите згради, споменици и остатоци од древните урнатини. Во времето на Стариот Рим, форумот бил урбано место.
Историја
уредиПрвобитно, на местото на Форумот се наоѓала мочуришна долина покрај ридот Палатин, во која латинските доселеници ги закопувале своите мртви. Дури некаде околу 6. век п.н.е, откако мочуриштето било исушено, почнале да ја населуваат долината.
Во 490 година п.н.е таму биле изградени два храма, посветени на боговите Сатурн и Кастор, што воедно и го забрзал развојот на местото на форумот како градско средиште. Северно од Форумот, непосредно покрај него, сè до смртта на Гај Јулиј Цезар, постоел Comitium, како средиште на римската политика, што го сочинувале Curia Hostilia (зградата на Сенатот) i Rostre, јавен политички подиум на римските политичари.[2]
Во времето на царот Август, Форумот го добил својот сјај и убавина, бил преуреден и поплочен со мермер. За време на владеењето на римските цареви по Август, Форумот служел за религиозни обреди, а многу помалку за политички цели, па со текот на времето паднал во заборав.
Во периодот на доцната Римска Република, Форумот станал мал, па сите владетели после Цезар, кој го изградил Forum Iulium, почнале да градат свои форуми и храмови.
Дури кон крајот на 18. век биле извршени првите археолошки ископувања на местото на Форумот.
Форумот денес
уредиДенес Форумот личи на расфрлан збир од урнатини, но со извесна фантазија посетителите можат да си го претстават ова место и животот во некогашното Римското Царство. На наоѓалиштето сè уште се видливи остатоци од многу згради од различни периоди, храмови, базилики и триумфални сводови.
„Римски форум“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
уреди- Forum Romanum денес Архивирано на 29 ноември 2010 г. (анг.)
- A view on cities, Forum Romanum Архивирано на 24 март 2011 г. (анг.)
- Виртуелна реконструкција на Форумот Архивирано на 4 септември 2011 г. (анг.)
Наводи
уреди- ↑ Grant, Michael (1970), The Roman Forum, London: Weidenfeld and Nicholson; Photos by Werner Forman, стр. 11
- ↑ Forum Romanum, N.S. Gill, About.com Guide (анг.)