Пасија (филм)
„Пасија“ е американски игран филм од 2004 година, во режија на Мел Гибсон, со Џим Кавизел во главната улога (го игра Исус). Филмот бил снимен во Израел, а сите дијалози се одвиваат на латински и на арамејски јазик. Наспроти големите критики, филмот остварил огромен комерцијален успех, остварувајќи заработка од преку 600 милиони долари. Филмот бил номиниран за три награди „Оскар“.[1] Во филмот се раскажува за последните 12 часа од животот на Исус Христос, а приказната се темели врз евангелијата од Новиот завет, како и визиите на германската калуѓерка Ен Кетрин Емерих. Поради сцените на насилство, филмот предизвикал големи критики.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Пасија на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Пасија на Box Office Mojo
- Пасија на Rotten Tomatoes.
- Пасија на Metacritic