Сандро Ботичели
Алесандро ди Мариано ди Вани Филипепи (Фиренца, 1 март 1445 - 1510 во Фиренца), поизвесен како Сандро Ботичели (на италијански Sandro Botticelli), е италијански сликар и уметник, автор на уметнички творби поврзани со митологијата — „Раѓањето на Венера“, „Пролет“ (1478) — како и по христијански теми.
Животопис
уредиОд 1461 година го проучува живописот кај учителот Филипо Липи, а подоцна е ученик и на познатиот вајар и живописец Андреа дел Верокио, од каде се зближува со Леонардо да Винчи, кој исто така е негов ученик. Сандро Ботичели живее во време кога градот Фиренца е завладеан од големо културно развивање во поглед на Рим и светот. Политичката власт е во рацете на неколку богати фамилии, кои постојано се пронаоѓаат како сопствени соперници. Борбата помеѓу нив завршува со победата на банкарската фамилија Медичи. Главата на фамилијата, Козимо Медичи, станува управител на градот Фиренца. Во неговиот двор доаѓале многу познати писатели, поети, учени, архитекти и сликарски уметници. Ботичели бил близок со таа фамилија и работел за нив.
Во искуството и творењето на Ботичели, за разлика од другите уметници од раната ренесанса, кај него преовладуваат личните идеи. Една од најизвестните творби од зрелиот негов период е „Пролет“ (1477 г.) која е изработувана за вилите на Медичи и е едно од најсложните по содржина дела на Ботичели, и „Раѓањето на Венера“ (1483 г.),
Ботичели многу потпаднал под дејство на монархот и проповедник Савонарола, кој во мај 1498 година е обесен на плоштадот во Фиренца поради уништување на некои сопствени уметнички дела. По ова, Ботичели работи исклучително и само (до 1504 г.) по религиозни теми. По ова тој се разболува и умира.
Дела
уредиНегови најзначајни дела се:
- (ита. Adorazione dei Magica), 1475, Уфици, Фиренца
- (ита. La Primavera), (Пролет), 1478, Уфици, Фиренца
- (ита. Madonna del Magnificat), Уфици, Фиренца
- (ита. La nascita di Venere), (Раѓањето на Венера), Уфици, Фиренца
- (ита. Venere e Marte), (Венера и Марс), (Националнба галерија, Лондон)
- Света Марија Магдалена, (Fogg Art Museum Cambridge), САД
- Христовото раѓање (Лондон)
- Божествена комедија (циклус) (Берлин 1482-1503)