Лигурија
Лигурија — италијански регион, сместен на северозападниот дел од Апенинскиот Полуостров и која како главен град ја има Џенова. На југ се граничи со Лигурското Море, на запад со Франција (регионот Прованса - Алпи - Азурен Брег, на север со регионите Пиемонте и со Емиља-Ромања и на исток со Тоскана. Лигурија е составен дел од Еврорегионот Алпи-Средоземје. Со своите 5.421 км2 Лигурија е еден од најмалите италијански региони но е еден од најгусто населените, особено во приморските делови каде што е концентриран најголемиот дел од економските активности. Меѓу 1950 и 1960 година, бројот на населението во Лигурија пораснал благодарение на големата имиграција од Јужна Италија, пред сè во Џенова. Денес, по затворањето на многу фабрики, иселеничкиот бран престанал, што не важи и за туристичкиот, имајќи предвид дека Лигурија е една од најпознатите италијански туристички одредишта. Освен Џенова која е главен град на Лигурија, други познати лигурски градови се и Империја, Ла Специја, Савона, Бордигера, Портофино, Санремо и Сестри Леванте.
Познати личности
уредиЛигурија е регион во кој се родиле многу познати италијански личности како Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Едмондо Де Амичис, Еуџенио Монтале, Итало Калвино, Франко Малерба.
Занимливости
уреди- Лигурија е регион во Италија кој има највисок процент на стари лица и кој се наоѓа на самото дно на списокот на наталитет. Речиси една четвртина од населението е над 65 годишна возраст.
- Заливот Ла Специја е наречен уште и „Залив на поетите“ во спомен на англиските поети Шели и Бајрон кои таму престојувале на почетокот на 1800.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на регионот Лигурија
- Портал посветен на туризмот во Лигурија Архивирано на 4 септември 2008 г. (италијански;француски;англиски;шпански;германски;руски;кинески;јапонски)
- Добредојдовте во Лигурија Архивирано на 22 септември 2005 г. (англиски)
- Лигурија (англиски)
- Интерактивна туристичка карта на Лигурија Архивирано на 18 мај 2008 г. (англиски)